| Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” |
|
|
Од 24 до 26 октомври 2008 год во Струга беше спроведена обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” за 27 учесници од регионот на Кичево и Дебар. Обуката ги опфати следните теми: партнерства, запознавање со можните партнери (НВО, општина, институција), анализа на можните партнери, одлучување, администрација и односи со јавноста, мрежи и коалиции, план за акција за заживување на мрежа/коалиција, партнерства за лобирање и застапување и спроведување кампањи и градење на партнерства со медиуми.
Обучувачите Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини ја реализираа обуката за 17 претставници на НВО од Кичево, Дебар и Центар Жупа, 5 претставници на институции од Кичево, 2 претставници на локалната самоуправа од Кичево и Вранештица, 2 претставници на Советите при Општина Кичево и Другово и 1 претставник на локален медиум од Дебар.Обуката, која опфати теоретски сегменти и практични вежби за применување на стекнатите знаења и вештини, ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Кичево и Дебар (Центар за развој на заедницата Кичево и Центар за одржлив развој на заедницата Дебар, поранешни Центри за поддршка на НВО). Преку активни и пасивни методи се развија капацитетите на учесниците за практична анализа на факторите, актерите и корисниците во локалната и пошироката заедница поврзани со конкретни локални прашања и со немнозинските етнички заедници, беа разработени чекорите за планирање и спроведување активности за лобирање и кампањи. Воедно беа дефинирани и 5 актуелни теми/проблеми кои би можеле да бидат повод за заживување на локални меѓусекторски партнерства и мрежи. Дневен ред (македонски, shqip) deb237 kic012
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Од 24 до 26 октомври 2008 год во Струга беше спроведена обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” за 27 учесници од регионот на Кичево и Дебар. Обуката ги опфати следните теми: партнерства, запознавање со можните партнери (НВО, општина, институција), анализа на можните партнери, одлучување, администрација и односи со јавноста, мрежи и коалиции, план за акција за заживување на мрежа/коалиција, партнерства за лобирање и застапување и спроведување кампањи и градење на партнерства со медиуми.
Обучувачите Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини ја реализираа обуката за 17 претставници на НВО од Кичево, Дебар и Центар Жупа, 5 претставници на институции од Кичево, 2 претставници на локалната самоуправа од Кичево и Вранештица, 2
претставници на Советите при Општина Кичево и Другово и 1 претставник на локален медиум од Дебар.




