spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Обука на тема „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата” Испечати Е-пошта
dsci0061.jpgОбука за учесници од регионот на Неготино и Прилеп се одржа од 17 до 19 октомври 2008 год. во Струга со наслов „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата”.
Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за концептите и заштитата на човековите права (карактеристики, историјат и механизми).
Лулзим Хазири и Катица Апостоловска од Асоцијацијата за демократски иницијативи Гостивар ја реализираа обуката, на која присуствуваа 8 претставници од локални институции и 22 претставници од невладини организации од Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Крушево, Долнени и Прилеп. Во рамките на обуката во одделни сесии беа обработени следните теми: концепт за човекови права, дефинирање на поимот малцинство и состојбата на малцинствата во Македонија, инструменти на Обединетите нации, инструменти на Советот на Европа, инструменти на ОБСЕ и на Европската унија, заштита на правата на етничките заедници во Република Македонија и dsci0078.jpgБадинтеров принцип.
За време на обуката владееше многу позитивна атмосфера за работа. Иако се работеше за голема група од 30 учесници, а поголемиот дел од обуката беше теорија, учесниците покажаа посветеност. За време на дискусиите беа изнесувани различни ставови, без негодувања и конфликти. Практичните вежби беа исто така добро прифатени од страна на учесниците.
Обуката беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Неготино и Прилеп, поранешни Центри за поддршка на НВО (Центар за локален развој „АНТИГОНЕА“ Неготино и Фондација за поддршка и развој Прилеп).

Дневен ред

neg073
pp776
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB