На 25.10.2007 во Делчево се одржа јавна дебата на тема „Состојбата на немнозинските етнички заедници во Делчево, Пехчево, Берово, Македонска Каменица, Виница и Кочани“. Ова е прва од јавните дебати предвидени во проектот Живеење во мултиетничка средина – Граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).
На дебатата учествуваа претставници на локалните самоуправи, институции и невладини организации од регионот. Свое излагање на темата имаа Анифа Демировска (Управа за развој и унапредување на образованието на етничките заедници), Ленче Бајкова (Министерство за транспорт и врски), Кирчо Иванов (Совет на општина Делчево), Зекир Абдулов (ХДЗР „Кхам“, Делчево) и Жаклина Пауновска Анѓелковиќ (ЗГ „Еднакви за сите“, Кочани).
На дебатата се дискутираше за недоволната застапеност на немнозинските етнички заедници во институциите, проблемите во образованието и домувањето на ромската заедница.
Дебатата ја организираше ФИООМ во соработка со Регионалниот центар за застапување во Делчево (поранешен Центар за поддршка на НВО-Делчево).
|