| Регионална работилница за усвојување на програмата за работа на регионалната мрежа „Виадукт” во Штип и подготовка на меморандум за соработка |
|
|
По одржувањето на Иницијалниот состанок за вмрежување и Регионалната работилница за подготовка на програма за работа на мрежа, на 14 и 15 октомври 2008 год. во Штип повторно се одржа регионална работилница за членките на мрежата „Виадукт”. Целта на работилницата беше да се финализира и усвои програмата за работа на мрежата во која членуваат институции и организации од регионот (Штип, Куманово, Ранковце и Крива Паланка), како и да се состави меморандум за соработка. Работилницата ја водеше Марио Вељковиќ, а во неа учествуваа 3 претставници на институции и 14 претставници на невладини организации. Првиот ден од работилницата се работеше на ревидирање на нацртот на програмата за работа подготвен на претходната средба. Модераторот на работилницата на присутните им презентираше модел на програма за работа на мрежа, а тие работејќи во групи изготвија структурирана програма која ја отсликува визијата на мрежата и вклучува план на активности. Вториот ден од работилницата беше посветен на дефинирање на структурата и органите на мрежата, како и подготовка на кодекс на „Виадукт”. Покрај тоа, беше изработен и меморандум за соработка. Учесниците на работилницата се согласија подготвените материјали од работилницата (Програма за работа, Органограм, Кодекс на Виадукт) да бидат предмет на разгледување и дискусија во рамките на организациите и институциите кои членуваат во мрежата, а коментарите да бидат споделени по електронска пошта. Беше договорено меморандумот за соработка да биде потпишан штом ќе бидат усвоени финалните верзии на документите. Регионалната работилница беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, поранешен Центар за поддршка на НВО). Дневен ред kum007 sht453 kr356
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




По одржувањето на
Вториот ден од работилницата беше посветен на дефинирање на структурата и органите на мрежата, како и подготовка на кодекс на „Виадукт”. Покрај тоа, беше изработен и меморандум за соработка. 




