| Обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата” |
|
|
Обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата” се одржа од 15 до 17 октомври 2008 год. во Кочани. Целта на обуката беше учесниците да се здобијат со знаења и вештини за механизмите и инструментите за креирање јавни политики, како и формите за застапување за правата на малцинствата. Обуката ја спроведе тим на обучувачки од Акција Здруженска, Марија Савовска и Виолета Димова. Учествуваа вкупно 23 претставници од невладиниот сектор и локалната власт (16 претставници на НВО и 8 претставници на локални институции од Гевгелија, Валандово, Дојран и Струмица). Во рамките на обуката беа обработени следните теми: јавна политика, јавно застапување, лобирање, вмрежување и коалицирање. Атмосферата во групата беше пријатна и релаксирана. Учесниците немаа скоро никакви претходни познавања за темата јавна политика и јавно застапување, па на крајот од семинарот беа многу задоволни од наученото. Обуката беше организирана од страна на ФИООМ во соработка со Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија и Центарот за одржлив развој „Порта“ – Струмица (поранешни Центри за поддршка на НВО). Дневен ред gev375 str888
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата” се одржа од 15 до 17 октомври 2008 год. во Кочани. Целта на обуката беше учесниците да се здобијат со знаења и вештини за механизмите и инструментите за креирање јавни политики, како и формите за застапување за правата на малцинствата. 




