spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Тематски работилници arrow Работилница на тема „Креирање на програма за работа на Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Чашка за 2008 година“
Работилница на тема „Креирање на програма за работа на Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Чашка за 2008 година“ Испечати Е-пошта
tematska_rabotilnica_veles.jpg На 22 февруари 2008 год. во Чашка беше одржана првата работилница од серијата тематски работилници предвидени во рамките на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“. Во работилницата учествуваа 23 учесници, меѓу кои 5 претставници од основните училишта во Чашка и Богомила, 5 претставници од општина Чашка, 6 членови на Советот на Општина Чашка, 3 члена на локалниот мониторинг тим и 4 претставници од НВО од Велес. Оваа тематска работилница беше идентификувана како потреба од страна на претставниците на граѓанскиот сектор, месните заедници и локалните власти во општина Чашка со цел да се унапреди работата на Комисијата за односи меѓу заедниците. Работилницата ја модерираше Билјана Манаскова – самостоен референт за образование, култура, социјална заштита и родова еднаквост при Општина Велес. Јусуф Ахмедов, претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците во Чашка, на почетокот го презентираше нацртот на програмата на Комисијата за 2008 година, во која има предвидено 50.000,00 ден. од буџетот на Општината. Воедно напомена дека во составот на Комисијата влегуваат претставници на сите заедници кои живеат на територијата на Општина Чашка (Македонец, Албанец, Турчин, Србин и Бошњак). Отсуството на локални медиуми во Чашка го посочи како еден од најголемите недостатоци бидејќи не постои медиумско покривање на активностите, а националните медиумски куќи немаат интерес за тоа. Претседателката на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените од Велес Стојна Трајковска дискутираше за работата на нејзината комисија, како и за можностите за соработка и допирните точки на двете комисии.
Дискусија за можните активности во иднина се разви откако учесниците идентификуваа потреби и приоритети преку работа во групи, и тоа: издигнување на јавната свест за предностите од мултиетничкиот соживот преку меѓусебно запознавање и одбележување на денови што спојуваат, вклучување на девојчињата во образовните процеси, подобрување на инфраструктурата, поголемо ангажирање на жената-муслиманка во општествениот живот, потранспарентно работење со општинскиот буџет, поголемо вклучување на медиумите, правична застапеност на етничките заедници во институциите, формирање на невладина организација во Општина Чашка и развој на селски рурален туризам.
Во рамките на заокружувањето на работилницата, членовите на Комисијата ги прифатија предлозите од учесниците обезбедувајќи активно учество на граѓаните во креирањето на програмата. Присутните беа информирани дека тоа што е изработено ќе биде доставено во пишана форма до Комисијата за односи меѓу заедниците на Општина Чашка како предлог за дополнување на нацрт-програмата на Комисијата.
Предложени активности во годишната програма се следните: организирање културни манифестации, организирање турнир во мал фудбал и во боречки вештини, одбележување значајни датуми, организирање на форуми, трибини, работилници, почести средби со месните заедници и поголема соработка со невладините организации, популаризирање на образованието, лобирање на училиштето за вклучување на сите заедници во формално и неформално образование, вклучување на жената-муслиманка во разните управни структури. Посебно внимание да се обрне на соработката со националните медиуми за афирмација на улогата на Kомисијата за односи меѓу заедниците. 
Советот на Општина Чашка во месец март 2008 год. ја прифати предложената Програма за работа на Комисијата за односи меѓу заедниците во 2008 година, со прифаќање на предложените актиовности од тематската работилница, при што го зголеми и основниот буџет за активностите на комисијата на 80.000.00 денари.

Дневен ред

ve983

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB