|
Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” |
|
|
На 27 и 28 септември 2008 год. во хотел „Романтик” – Велес се одржува обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување“ која ја организира Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) во соработка со невладината организација Заеднички вредности.
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења и вештини за градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување. Обуката ги вклучува следните теми: партнерства, запознавање со можните партнери/НВО, општина, институција, мрежи и коалиции, анализа на можните партнери, одлучување, администрација и односи со јавноста, план за акција за заживување на мрежа/коалиција, партнерства за лобирање, застапување и спроведување кампањи, градење партнерства со медиуми.
Обучувачи на обуката ќе бидат Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини.
Обуката е дел од серијата планирани обуки во проектот „Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита“, финансиран од Европската комисија и од ФИООМ. Проектот се имплементира од ФИООМ, во партнерство со НВО „Заеднички вредности“ и 12-те Центри за поддршка на НВО.
|