| Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” |
|
|
На 17 и 18 септември 2008 год во Струга беше реализирана обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” за учесници од Кичево, Дебар, Центар Жупа, Вранештица и Другово. Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Кичево и Дебар (Центар за развој на заедницата Кичево и Центар за одржлив развој на заедницата Дебар, поранешни Центри за поддршка на НВО).
На обуката доминираше теорија со посебен акцент на областа управување со мултиетнички заедници, а во посебен дел беше обработен и процесот на децентрализација. Беа опфатени следните теми: процесот на децентрализација во РМ, управување со мултиетнички заедници во теорија и пракса, споделување на моќ и власт, проблеми при споделување на локално ниво и различни концепти на управување со мултиетнички заедници во РМ и на локално ниво. Обучувачите Жидас Даскаловски и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики Скопје ја спроведоа обуката пред вкупно 26 учесници (17 претставници од невладини организации од Кичево, Дебар и Центар Жупа, 5 претставници од институции од Кичево, 2 претставници од Општините Кичево и Вранештица, 2 претставници на Советот на Општините Кичево и Другово). Учесниците се стекнаа со знаења за процесот на децентрализација и се запознаа со начинот на управување со мултиетнички заедници. Тие активно учествуваа во обуката со свои коментари и мислења за време на вежбите, но и во текот на предавањата. Во текот на обуката групата имаше жива дискусија и спротивставени ставови и сфаќања, не се забележуваше голема тенденција на негување на разлики, но затоа постоеше конструктивен дијалог – дебата. Дневен ред (македонски, shqip) kic012 deb237
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 17 и 18 септември 2008 год во Струга беше реализирана обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” за учесници од Кичево, Дебар, Центар Жупа, Вранештица и Другово. Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Кичево и Дебар (Центар за развој на заедницата Кичево и Центар за одржлив развој на заедницата Дебар, поранешни Центри за поддршка на НВО).
На обуката доминираше теорија со посебен акцент на областа управување со мултиетнички заедници, а во посебен дел беше обработен и процесот на децентрализација. 




