spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Обуки arrow Обука на тема „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата”
Обука на тема „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата” Испечати Е-пошта
covekovi_prava_stip.jpgОд 12-ти до 14-ти септември 2008 год. во Струмица се одржа обука на тема „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата“ за учесници од Штип, Крива Паланка, Кратово и Куманово. Обуката ја спроведоа Лулзим Хазири и Катица Апостоловска од Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар, а во неа учествуваа 2 претставници од институции и 15 претставници од невладини организации. Насер Бислими и Сеад Исмаил, учесници во програмата Обука за обучувачи, асистираа во спроведувањето на обуката. Целта на обуката беше да се пренесат знаења за човековите права, меѓуетничките односи и домашното/меѓународното законодавство кое ги третира правата на немнозинските етнички заедници.
Во текот на обуката беа развиени дискусии за почитувањето на човековите права во нашата држава, за состојбите на етничките заедници на локално и национално ниво и за потребата од унапредување на положбата на помалите етнички заедници. Секој учесник имаше можност индивидуално да учествува во сесиите, како и да разменува искуства во сесиите предвидени за колективна работа. Особено внимание беше посветено на континуитетот на предавањата, практичните вежби и изборот на темите за работа во групи.
covekovi_prava_stip_1.jpgОд содржински аспект, учесниците беа темелно запознаени со следните инструменти за заштита на човековите права: ООН (Универзална декларација за човекови права, Декларација за заштита на правата на лицата што припаѓаат на национални или етнички, религиозни и јазични  малцинства, Меѓународна конвенција за елиминирање на сите форми на расна дискриминација), Совет на Европа (Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Рамковна конвенција за заштита на правата на националните малцинства, Европска повелба за регионални и малцински јазици), и ОБСЕ (препораките од Хаг за правата на образование на националните малцинства, препораките од Осло за јазичните права на националните малцинства, препораките од Лунд за ефективно учество на националните малцинства во јавниот живот). Покрај тоа, беа презентирани механизмите за заштита на човековите права на  Европската Унија, правата на припадниците на етничките заедници во Македонија и примената на Бадентеровиот принцип на национално и локално ниво.
Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондација за развој на локалната заедница Штип, поранешен Центар за поддршка на НВО).

Дневен ред


sht453 
kum007
kr356

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB