spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Регионална ТВ дебата во Дебар „Гимназија во Центар Жупа - да или не?” Испечати Е-пошта

tv_debata_debar.jpgНа 12-ти август 2008 год. на локалниот телевизиски канал ТВ Жупа меѓу 20:00 и 21:30 часот беше емитувана ТВ дебата со наслов „Гимназија во Центар Жупа - да или не?”.
Телевизиската дебата е дел од проектната компонента Лобирање и застапување и поттикнување на јавната свест во рамките на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита” финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ).  Дебатата се организираше со цел да се зборува за потребите на локалното население и да се иницира прашањето за отворање на гимназија во Центар Жупа.

Телевизиската дебата беше снимена во хотел Венец, Дебар и се одвиваше на три јазици: македонски, албански и турски со обезбеден консекутивен превод. Во неа учествуваа Казафер Емруловски, член на Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Центар Жупа, Хамит Шемовски, член на Комисијата за развој на образованието во општина Центар Жупа, Ќани Сеадиновски, директор на ОУ „Моша Пијаде“ Центар Жупа, Сазан Папранику, родител и Абдул Реџеп, директор на ОУ “Неџати Зекерија“ од с. Новак. Водител на дебатата беше новинарот Кенан Мимидиновски.

Учесниците дебатираа за потребата и предностите од формирање на гимназија во Центар Жупа. Родителот Сазан Папранику го елаборираше кадровскиот проблем, но и новиот Закон за средно образование. Во рамките на дебатата беше емитувана и анкета со граѓаните од регионот, кои без исклучок се произнесоа за потреба од отворање гимназија во Центар Жупа. Според нивните искажувања, на тој начин ќе се зголеми бројот на учениците во средното образование, особено на девојчињата. Интервјуираните граѓани укажаа на потребата од професионални/стручни насоки, особено од областа на градежништво - професија што ја работат мнозинството на граѓаните во овој регион во земјата и во странство - како и на потребата од учење италијански јазик.

Од дебатата произлезе заклучокот дека гимназијата е неопходна, и дека наставата треба да се одвива на три јазици: турски, македонски и албански.

На барање од гледачите, дебатата беше реемитувана два пати, на 15ти и 22ри август. За телевизиската дебата на 15-ти август пишуваше и весникот КОХА (кликни за написот).

Телевизиската дебата ја организираше ФИООМ во соработка со Центарот за одржлив развој на заедницата - Дебар (поранешен Центар за поддршка на НВО - Дебар).

deb237
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB