| Тематска работилница во Ресен „Механизми за учество на немнозинските етнички заедници во креирање јавни политики” |
|
|
На 16 септември 2008 год. во Претор се одржa работилница на тема „Механизми за учество на немнозинските етнички заедници во креирањето јавни политики”. Целта на тематската работилница беше учесниците да се здобијат со практично искуство за примена на механизмите за учество на етничките заедници во креирањето јавни политики. Работилницата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија за да се подобри статусот на етничките заедници во местото каде што живеат, да се подигне свеста за поголемо учество во процесите на одлучување на локално ниво и да се подобрат односите и соработката меѓу етничките заедници и општините. Работилницата ја фасилитираше Кире Китевски, обучувач од Заедницата на единиците на локалната самоуправа на РМ (ЗЕЛС). Во работилницата учествуваа вкупно 25 претставници, меѓу нив 20 доаѓаа од невладини организации, а петмина ги претставуваа општините Ресен и Битола. Учесниците на работилницата се запознаа со можностите дадени во позитивните законски прописи за учество на немнозинските заедници во креирањето јавни политики – непосредното и посредното учество на граѓаните во одлучувањето за прашања од локално значење. Покрај тоа, учесниците се запознаа со посебните механизми за учество како што се: бадинтеровото мнозинство или т.н. малцинско вето, местото и улогата на комисијата за односи меѓу заедниците, употребата на писмото и јазикот на заедниците, како и правичната застапеност на сите заедници во општинската администрација и јавните служби. Работилницата им овозможи на учесниците да се здобијат со практично знаење за примена на научените механизмите за учество на немнозинските заедници во креирањето јавни политики, а воедно своето знаење да го пренесат на други субјекти. Од работилницата беше донесен заклучок да се организираат понатамошни вакви средби во чии рамки ќе се дискутира за состојбата на немнозинските заедници и да се подготви годишна програма која ќе се достави до советите на општините заради инкорпорирање на делови од неа во годишниот план и програмите на општините Ресен и Битола. Локалната канцеларија на проектот од Ресен (Центар за поддршка на заедницата Ресен, поранешен Центар за поддршка на НВО) даде логистичка поддршка при организирањето на настанот. Дневен ред res493
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 16 септември 2008 год. во Претор се одржa работилница на тема „Механизми за учество на немнозинските етнички заедници во креирањето јавни политики”. Целта на тематската работилница беше учесниците да се здобијат со практично искуство за примена на механизмите за учество на етничките заедници во креирањето јавни политики. 




