| Мониторинг на локалната администрација |
|
|
|
Компонентата Мониторинг на локалната администрација има за цел набљудување и анализирање на тековниот процес на децентрализација од аспект на меѓуетничките односи и спроведување на правата на немнозинските етнички заедници. Оваа компонента ќе обезбеди информации за состојбите на локално ниво, како и можни решенија и препораки за надминување на воочените слабости. За постигнување на целта ќе се формираат мониторинг тимови во 12 градови: Куманово, Велес, Штип, Делчево, Тетово, Ресен, Прилеп, Гевгелија, Дебар, Струга, Кичево и Кратово, кои ќе изведуваат мониторинг на работата на локалната администрација во поглед на спроведувањето на меѓународното и домашното законодавство поврзано со правата на немнозинските етнички заедници. Мониторинг тимовите ќе бидат составени од лидери на малцински заедници, претставници на НВО и спроведувачите на проектот. За нив се предвидени серија обуки од областа на меѓународното и домашното законодавство во контекст на правата на етничките заедници, како и обука за методологија за мониторинг.
|

Мониторинг на локалната администрација 






