spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Tематска работилница во Прилеп „Усогласување на Акциониот план за ромската заедница во Прилеп со Стратегијата за Ромите во Република Македонија” Испечати Е-пошта
tematska_rabotilnica_vo_prilep.jpg На 12 септември 2008 год. во Прилеп беше одржана работилница на тема „Усогласување на Акциониот план за ромската заедница во Прилеп со Стратегијата за Ромите во Република Македонија”.  Темата на работилницата произлезе од заклучоците на јавната дебата во Прилеп види јавна дебата во Прилеп. Пред вкупно 32 учесници (3 претставници од општина Прилеп, 6 претставници од две основни и четири средни училишта и 23 претставници од невладини организации од Прилеп) вовед во работилницата дадоа Несиме Салиоска, која зборуваше за Стратегијата за Ромите во Република Македонија и Бедишан Фератоска со презентирање информации за Акциониот план за заедницата Тризла-2. Претставникот од општина Прилеп, Дарко Рибароски ги информираше учесниците за плановите на општина Прилеп во поглед на решавање на проблемите на ромската заедница. Општината во своите планови за реализација ги има зацртано, според областите образование, здравство, домување и вработување, следните цели: изградба на спортска сала и реконструкција на санитарни чворови во ОУ „Добре Јованоски“ Прилеп, реконструкција на инфраструктурата на улиците „Гостиварска“ и „Бетовска“, ажурирање на решенија во деталниот урбанистички план, правна легализација на имоти, понуда на локации за изградба на амбуланта по приватни иницијативи итн.
Учесниците, работејќи во работни групи по области (здравство, образование, домување и вработување), ги идентификуваа и презентираа проблемите и потребите на ромската заедница. На крајот од работилницата беше формирана работна група за Усогласување на Ациониот план на заедницата Тризла со Стратегијата за Ромите во РМ и креирање план за акција. Усогласениот Акционен план за заедницата Тризла работната група и формално како документ ќе го испрати до Советот на Општина Прилеп заради разгледување и усвојување. Беше формирана и работна група за следење на активностите од страна на Советот на општина Прилеп во поглед на разгледување, усвојување и реализација на усогласениот Акционен план за заедницата Тризла.
За искажаниот став од учесниците дека Советот на Општина Прилеп треба да формира комисија за односи меѓу заедниците, мислењето на претставникот од општината беше дека за тоа е потребна волја во Советот, бидејќи законски не постои обврска за формирање таква комисија.
Работилницата ја водеше Игор Тасевски од Центарот за граѓанска иницијатива во Прилеп, а ја организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Прилеп (поранешен Центар за поддршка на НВО).

Дневен ред

pp776
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB