spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Тематски работилници arrow Тематска работилница во Струмица „Подготовка на акционен план за подобрување на образованието и вработувањето на немнозинските етнички заедници”
Тематска работилница во Струмица „Подготовка на акционен план за подобрување на образованието и вработувањето на немнозинските етнички заедници” Испечати Е-пошта
rabotilnica_strumica.jpg На 10-ти септември 2008 год. во Струмица се одржа работилница на тема „Подготовка на Акционен план за подобрување на образованието и вработувањето на немнозинските етнички заедници“. Работилницата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Струмица (Центар за одржлив развој „Порта“, поранешен Центар за поддршка на НВО). Целта на работилницата беше учесниците да изработат заеднички план за подобрување на образованието и вработувањето на немнозинските етнички заедници во регионот на Струмица и Радовиш. Модератор на средбата беше Веса Шкортова од Фондацијата за развој на заедницата Фокус  - Велес. На работилницата учествуваа вкупно 19 учесници, меѓу кои 13 претставници на невладини организации и 6 претставници од основни училишта.
Во воведниот дел учесниците беа запознаени со целите на работилницата и форматот за подготовка на Акционен план, како и намената на истиот. Имајќи предвид дека учесниците доаѓаа од две различни општини (Струмица и Радовиш), целокупната работа се одвиваше во две групи.
Групите ги идентификуваа проблемите и потребите на немнозинските етнички заедници во своите региони и понудија решенија во сферата на образованието и вработувањето составувајќи два Акциони планови. Иако работеа независно едни од други, тие заеднички ги составија конечните верзии на плановите разменувајќи сугестии, коментари и предлози за подобрување. Работилницата се одвиваше во многу позитивна атмосфера.
Акционите планови од работна форма беа пренесени во документ и испратени до сите учесници. Со оглед на тоа што учесниците во работилницата беа претставници на невладини организации и основни училишта каде учат ученици од немнозинските етнички заедници, активностите предвидени во Акционите планови си ги поставија како приоритети во своето работење.

Дневен ред 

str888

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB