spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Регионални работилници arrow Регионална работилница „Подготовка на годишни програми на ромските советодавни групи за шест општини во североисточниот дел на Р Македонија”
Регионална работилница „Подготовка на годишни програми на ромските советодавни групи за шест општини во североисточниот дел на Р Македонија” Испечати Е-пошта
reg._rabotilnica_probistip.jpgНа 5-ти и 6-ти септември 2008 г. во Пробиштип се одржa регионална работилница на тема „Подготовка на годишни програми на ромските етнички заедници за шест општини во североисточниот дел на Република Македонија” на која присуствуваа 22 претставници од невладини организации и ромски советодавни групи од општините Ранковце, Кратово, Виница, Берово, Кочани и Пробиштип, 3 референти за малцински прашања од Виница, Крива Паланка и Кочани, 3 претставници од локалните самоуправи и 6 претставници од Центрите за социјални  работи од Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Виница, Кочани и Берово, како и 2 претставници од Агенции за вработување од Пробиштип и Крива Паланка. Цел на тематската работиница беше да се утврдат форми и можности за редовен дијалог со институциите на системот, како и да се дадат можни насоки за решавање на проблемите на етничките заедници на локално ниво.
Со цел институционално решавање на проблемите на немнозинските етнички заедници на локално ниво и воспоставување редовен дијалог, на агендата на работилницата беше ставена практичната подготовка на годишни програми на ромските советодавни групи во општините Пробиштип, Виница, Кочани, Берово, Ранковце и Кратово, и нивно поднесување и инкорпорирање во општинските програми за 2009 година. regionalna_rabotilnica_vo_probistip.jpgВо тој контекст беа дефинирани приоритетите за секоја општина одделно, и тоа: инфраструктурата, образованието и културата во Виница, образованието, културата и спортот во Кратово, инфраструктурните проблеми, вработувањето на претставници од немнозинските етнички заедници и одбележувањето на културни настани во Берово, образованието, инфраструктурата, културата и одбележувањето на културни настани  во Ранковце, проблемите од областа на образованието, инфраструктурата и социјално-економската состојба на Ромите во Пробиштип, како и инфраструктурните проблеми, образованието и одбележувањето на светскиот ден на Ромите „8 Април” во Кочани. Работилницата ја водеа Марио Вељковиќ и Ерол Адемов, кој е воедно референт за малцински прашања во општина Штип и учесник во програмата Обука за обучувачи на проектот.
По однос на овие приоритети, следеше подготовка на проектни концепти и нивна презентација од страна на учесниците. Концептите дополнително беа обработени со помош на предавачите, ставени во  формат на програма за работа на ромските советодавни групи и доставени до соодветните локални самоуправи. Со овие програми ромските советодавни групи ќе можат да аплицираат пред советите на општините за добивање финансиски средства и имплементирање на проекти во текот на 2009 година.
Работилницата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот Кратово (Регионален центар за одржлив развој Кратово, поранешен Центар за поддршка на НВО).

Види концепти (концепт ЕЛС Берово, концепт ЕЛС Пробиштип, концепт ЕЛС Виница, концепт ЕЛС Кратово и  концепт ЕЛС Ранковце)

Дневен ред

kr356
del56vo
kum007
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB