| Обука на тема: „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата” |
|
|
Обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата” се одржа од 5 до 7 септември 2008 год. во Струга за учесници од регионот на Ресен, Битола и Струга (16 претставници на невладини организации од Ресен, Битола и Струга, 9 претставници на локални институции од Ресен и Струга). Веса Шкортова и Лидија Илиевска од невладината организација Акција Здруженска ја спроведоа обуката, чија цел беше да се пренесат знаења и вештини за креирањето на јавните политики и застапувањето за правата на малцинствата.
На самиот почеток од обуката учесниците беа воведени во поимот јавна политика. За подобро разбирање на креирањето јавна политика беше направена вежбата „Чекори во јавна политика” со следниов редослед: дефинирање на проблем, конструирање на алтернативна политика, избор на решение, дизајнирање на политика, имплементација на политика, мониторинг и евалвација. Се разгледуваа актерите во јавната политика и нивното влијание, a беа предложени и успешно реализирани повеќе вежби за разбирање на јавното застапување (аспекти на јавното застапување и искуства, блиски концепти и чекори на јавното застапување). На крајот од обуката беа обработени темите лобирање, градење на поддршка, мрежа и коалиција. Поголемиот дел од учесниците беа посветени, заинтересирани и активно учествуваа во дискусиите, презентациите и во вежбите. Посебен интерес кај нив разбуди темата јавно застапување и работејќи во групи, ги утврдија следните приоритетни теми за своите средини: недостаток од редовно вработен наставен кадар за паралелките на албански и турски јазик во гимназијата во Ресен, несоодветни услови за живот во населбата Петочна вода во Битола и неспроведување на Законот за средно образование во општинските средни училишта во Струга. Обуката беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Ресен и Струга (Центар за поддршка на заедницата Ресен и Здружение за развој и активизам „АКВА“ од Струга, поранешни Центри за поддршка на НВО). Дневен ред res493 sr935
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата” се одржа од 5 до 7 септември 2008 год. во Струга за учесници од регионот на Ресен, Битола и Струга (16 претставници на невладини организации од Ресен, Битола и Струга, 9 претставници на локални институции од Ресен и Струга). Веса Шкортова и Лидија Илиевска од невладината организација Акција Здруженска ја спроведоа обуката, чија цел беше да се пренесат знаења и вештини за креирањето на јавните политики и застапувањето за правата на малцинствата.
На самиот почеток од обуката учесниците беа воведени во поимот јавна политика. За подобро разбирање на креирањето јавна политика беше направена вежбата „Чекори во јавна политика” со следниов редослед: дефинирање на проблем, конструирање на алтернативна политика, избор на решение, дизајнирање на политика, имплементација на политика, мониторинг и евалвација. Се разгледуваа актерите во јавната политика и нивното влијание, a беа предложени и успешно реализирани повеќе вежби за разбирање на јавното застапување (аспекти на јавното застапување и искуства, блиски концепти и чекори на јавното застапување). На крајот од обуката беа обработени темите лобирање, градење на поддршка, мрежа и коалиција. 




