spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” Испечати Е-пошта
decentralizacija_delcevo-veles_2-3_septemvri_08.jpgОбука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” се одржа на 2-ри и 3-ти септември 2008 год. во Велес. Обуката беше наменета за претставници на невладини организации, училишта, општини и други органи на управата од делчевскиот регион. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и начините на управување со мултиетнички заедници преку презентирање на различни концепти кои ги елаборираа предавачите  Жидас Даскаловски и Марија Ристеска. Обуката започна со дефинирање на поимите нација, народ, држава, државјанство, етничка заедница и мултикултура, кои како теми беа грижливо одбрани за да се продуцираат понатамошни прашања поврзани со управувањето на разликите на локално ниво. Вториот ден беше посветен на два главни модели за решавање етнички конфликти: консоцијализмот на Лејпхарт и интегративизмот на Хоровиц. По секоја презентација следуваше дискусија на тема: образовна политика, закон за религиозни и етнички празници, етно-културна сегрегација на медиумите, обележување на територија со религиозни симболи и сл. Учесниците активно учествуваа во обуката со свои коментари и мислења за време на вежбите, но и во текот на предавањата. Особен интерес кај учесниците побуди дискусијата во чии рамки беа претставени примери на разрешување мултиетнички конфликти во неколку ситуации во Холандија и Белгија. Беше даден предлог за одржување обука на тема „Разрешување конфликти предизвикани од партиска припадност”.
На обуката присуствуваа учесници од Делчево, Берово, Виница, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево и Чешиново-Облешево (12 претставници на невладини организации и 5 претставници на институции).
Обуката ja организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Делчево (Регионален центар за застапување Делчево, поранешен Центар за поддршка на НВО).

Дневен ред

del56vo 

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB