spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест arrow Јавни дебати arrow Јавна дебата во Неготино „Образованието на Ромите во тиквешкиот регион – потреба и предизвик“
Јавна дебата во Неготино „Образованието на Ромите во тиквешкиот регион – потреба и предизвик“ Испечати Е-пошта
javna_debata_negotino_3.jpgВо соработка со локалната канцеларија на проектот што ги покрива општините Неготино, Кавадарци, Росоман и Демир Капија, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија организираше јавна дебата на тема „Образованието на Ромите во Тиквешкиот регион -  потреба и предизвик“ со цел да се согледа ситуацијата со образованието на Ромите во Тиквешкиот регион. Јавната дебата се одржа во Неготино на 26 август 2008 год. во присуство на 12 претставници од локалните институции, 14 претставници од невладини организации и 1 претставник од медиумите. Дебатата ја модерираше Ерол Адемов, кој е учесник во програмата Обука за обучувачи имплементирана во рамките на проектот и воедно референт за малцински прашања во општина Штип.
Воведно излагање на дебатата имаше Војислав Маријановиќ, советник за ромски јазик во Управата за унапредување на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за образование на РМ, кој зборуваше за Декадата за вклучување на Ромите и ги образложи можностите на Законот за задолжително средно образование. На локално ниво, во своето излагање Зорица В’чкова од Oпштина Кавадарци се осврна на реформите во образованието и подигнувањето на јавната свест кај ромската популација, додека Ивица Златковиќ од Oпштина Неготино ги презентираше статистичките податоци за вклучени ромски деца во воспитно-образовниот процес во Oпштина Неготино, Стратегијата за развој на општината и двата центри за предучилишна возраст во Црвени Брегови и Криволак. Гордана Јордановска, директорка на ОУ „Димката Ангелов Габерот” во с. Ваташа-Кавадарци претстави проект кој се имплементира во училиштето во чии рамки е предвидена материјална и едукативна помош за децата Роми. Сафет Темуровски од ХДЗР Месец во с. Криволак-Неготино и Раим Сулејманов од Здружението на Тиквешки Роми од Кавадарци во воведните зборови како најголеми проблеми ги истакнаа економската состојба кај ромската популација, невработеноста, осипувањето на децата од училишните клупи и недоволната помош од страна на институциите. Раим Сулејманов ја истакна потребата од советник за ромски прашања во Општина Кавадарци.
По завршувањето на воведните излагања, следеше дискусија во која се вклучија останатите присутни на дебатата и, секој од свој аспект, дадоа свои предлози за надминување на проблемите. Како заклучоци од дебатата беа истакнати: потреба од поактивна работа на терен, информирање на населението за обврските кои произлегуваат од законската регулатива и последиците од непочитување на одредбите, подигнување на свеста за образување на женските деца од ромска националност, набавка на бесплатни учебници и училишни материјали за децата од социјално загрозени семејства и градење партнерски односи на училиштето со родителите.
Како резултат од оваа јавна дебата беше поднесено барање за ангажирање советник за ромски прашања во Општина Кавадарци кој би помогнал во решавањето на проблемите со кои се соочува ромската заедница, вклучувајќи ги и проблемите во сферата на образованието. Барањето беше поднесено од страна на Здружението на Тиквешки Роми од Кавадарци. 

Дневен ред

neg073

 

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB