spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

Е-Билтен

Регистрирајте се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.







spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест
Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест Испечати Е-пошта

[english ] [shqip

Компонентата Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест има за цел јакнење на капацитетите за лобирање и застапување на немнозинските етнички заедници во поглед на промоција и заштита на нивните права. Исто така, ќе се влијае на сензибилизирање на јавноста за правата на немнозинските етнички заедници, нивно спроведување во практика, како и заштита во случаи кога тие права ќе бидат повредени.


За остварување на горенаведените цели ќе бидат публикувани: леток за правата на немнозинските етнички заедници, Водич за националната легислатива во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија и Прирачник за меѓународни инструменти за правата на малцинствата – Меѓународна конвенција за елиминирање на сите форми на расна дискриминација. Промоцијата на истите ќе се одвива преку 10 работилници за локални НВО, надлежни институции, лидери на заедници и граѓани - припадници на немнозинските етнички заедници. Работилниците тематски ќе  бидат фокусирани на прашањата за малцинскте права од аспект на  пристап до образованието, вработувањето, употребата на јазиците, како и социјалната и здравствената заштита.


Во рамки на оваа компонента ќе се спроведе кампања за зголемување на јавната свест во однос на прашањата на немнозинските етнички заедници на национално и локално ниво. локални и национални дебати, состаноци, работилници со соодветните институции со цел да се дискутира за актуелните проблеми поврзани со малцинските права. Покрај промотивни материјали, кампањата ќе опфати и 6 регионална и една национална ТВ дебата на кои ќе се промовира интеретничкото и интеркултурното разбирање. Во насока на промоција на мултикултурализмот, ќе бидат организирани 2 мултиетнички саеми на кои различните етнички заедници ќе бидат поканети да ги презентираат своите обичаи, храна, фолклор, музика и културни специфики

 
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB