| Одржана конференција за печат: Децентрализацијата - можност за подобрување на меѓуетничките односи во општините Кичево, Вранештица и Другово |
|
|
|
Воедно, беше презентиран шестмесечниот извештај за периодот јануари-јуни 2008 год. кој ги анализира состојбите во областите на безбедноста, правото на еднаквост, образованието, правичната застапеност, толеранцијата, разбирањето и соработката, социјалните односи и улогата на граѓанските организации. Изјава во рамките на конференцијата за печат дадоа Елизабета Ристеска, локален координатор на активностите на проектот за подрачјето на Кичево, Исмет Балажи и Нермина Фазлијоска, членови на локалниот мониторинг тим за кичевскиот регион. На конференцијата за печат присуствуваа новинари/дописници на ТВ Гура, ТВ Ускана, вториот канал на МТВ, МИА, Канал 77, весниците Дневник и Коха. Конференцијата се одвиваше на македонски и делумно на албански јазик. kic012
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно |
|---|









