spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Одржана конференција за печат: Децентрализацијата - можност за подобрување на меѓуетничките односи во општините Кичево, Вранештица и Другово Испечати Е-пошта
presskicevo.JPGФондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата „Заеднички вредности“ и Центарот за развој на заедницата - Кичево на 15.07.2008 год. со почеток во 11:00 часот организираше конференција за печат со наслов „Децентрализацијата - можност за подобрување на меѓуетничките односи во општините Кичево, Вранештица и Другово“. Конференцијата се одржа во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ финансиран од Европската комисија и ФИООМ. Целта на настанот беше да се информира локалната јавност за досегашното следење на работата на локалната администрација во општините Кичево, Вранештица и Другово во поглед на спроведувањето на меѓународното и домашното законодавство поврзано со правата на немнозинските етнички заедници и соодветната и правичната застапеност во институциите.
Воедно, беше презентиран шестмесечниот извештај за периодот јануари-јуни 2008 год. кој ги анализира состојбите во областите на безбедноста, правото на еднаквост, образованието, правичната застапеност, толеранцијата, разбирањето и соработката, социјалните односи и улогата на граѓанските организации.

Изјава во рамките на конференцијата за печат дадоа Елизабета Ристеска, локален координатор на активностите на проектот за подрачјето на Кичево, Исмет Балажи и Нермина Фазлијоска, членови на локалниот мониторинг тим за кичевскиот регион.
На конференцијата за печат присуствуваа новинари/дописници на ТВ Гура, ТВ Ускана, вториот канал на МТВ, МИА, Канал 77, весниците Дневник и Коха.

Конференцијата се одвиваше на македонски и делумно на албански јазик.

kic012

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB