| Работилница за локалните мониторинг тимови (ЛМТ) од Велес и Чашка „Пишување на шестмесечен извештај за ЛМТ” |
|
|
|
На 2-ри јули 2008 год. во Велес се одржа еднодневна работилница на членовите на оперативната група за мониторинг со локалниот мониторинг тим за општините Велес и Чашка.
Целта на работилницата беше да се подготви формат за шестмесечен извештај за мониторинг и начините за сублимирање и дефинирање на состојбите на локално ниво од извршениот мониторинг во изминатиот период. Во тој контекст, договорена е структурата на извештајот (предговор, вовед односно куса информација за состојбата, методологија на техниките за прибирање информации, опис на состојбите на локално ниво, препораки и општи заклучоци за секоја од општините поединечно). По изготвувањето на форматот, со локалниот мониторинг тим за Велес се премина на конкретна изработка на извештајот за општина Велес. По извршеното лекторирање, текстот ќе биде испратен до сите локални мониторинг тимови на проектот за да служи како насока за пишување на извештаите за останатите општини кои исто така беа предмет на мониторинг во изминатите шест месеци. Модератор на работилницата беше Билјана Бејкова од НВО Инфо-центар. |
| Следно > |
|---|








