spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

Е-Билтен

Регистрирајте се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.







spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB

Најнови настани

Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување”

На 27 и 28 септември 2008 год. во хотел „Романтик” – Велес се одржува обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и...
-> Повеќе

Tрибина на тема „Верските празници - мостови за зближување на етничките заедници“

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар (поранешен Центар за поддршка на НВО)...
-> Повеќе

Други настани
Дома
Работилница за локалните мониторинг тимови (ЛМТ) од Велес и Чашка „Пишување на шестмесечен извештај за ЛМТ” Испечати Е-пошта
На 2-ри јули 2008 год. во Велес се одржа еднодневна работилница на членовите на оперативната група за мониторинг со локалниот мониторинг тим за општините Велес и Чашка.

Целта на работилницата беше да се подготви формат за шестмесечен извештај за мониторинг и начините за сублимирање и дефинирање на состојбите на локално ниво од извршениот мониторинг во изминатиот период. Во тој контекст, договорена е структурата на извештајот (предговор, вовед односно куса информација за состојбата, методологија на техниките за прибирање информации, опис на состојбите на локално ниво, препораки и општи заклучоци за секоја од општините поединечно).

По изготвувањето на форматот, со локалниот мониторинг тим за Велес се премина на конкретна изработка на извештајот за општина Велес. По извршеното лекторирање, текстот ќе биде испратен до сите локални мониторинг тимови на проектот за да служи како насока за пишување на извештаите за останатите општини кои исто така беа предмет на мониторинг во изминатите шест месеци.

Модератор на работилницата беше Билјана Бејкова од НВО Инфо-центар.

 
Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB