spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Регионални работилници arrow Регионална работилница за подготовка на програма за работа на мрежа на НВО и институции во Штип
Регионална работилница за подготовка на програма за работа на мрежа на НВО и институции во Штип Испечати Е-пошта
img_0697.jpgНа 05 и 06 јули 2008 год. во Штип се одржа регионална работилница за подготовка на програма за работа на мрежа. Иницијативата за вмрежување започна со иницијален состанок во чии рамки се реализираа првичните подготовки за формирање регионална мрежа од невладини организации и институции кои работат на прашања поврзани со немнозинските етнички заедници. Регионалната работилница за подготовка на програма за работа на мрежа ја водеше Марио Вељковиќ, а во неа учествуваа 3 претставници од институции и 15 претставници од невладини организации од Штип, Куманово, Ранковце и Крива Паланка. Целта на работилницата беше да се утврди визија и мисија на мрежата, да се подготви план за работа на мрежата, да се разговара за нејзината структура (органи и тела) и да се дефинираат следните чекори поврзани со активностите на мрежата. Учесниците на работилницата го усвоија и името на регионалната мрежа, па одлучија истата да се вика ВИАДУКТ (пат, мост кој поврзува). Тие се согласија мрежата да се раководи од следната визија: img_0699.jpgРегионот да биде простор со развиен мултиетнички соживот, толеранција и еднакви можности за граѓаните на Куманово, Крива Паланка, Ранковце и Штип. Во однос на мисијата, мрежата ќе се залага за содавање на еднакви можности преку информирање и едуцирање на граѓаните, ќе лобира и иницира нивно вклучување во донесување одлуки на локално и национално ниво.
Во текот на работилницата учесниците поставија приоритетни области на делување и цели користејќи анализа со показатели, а потоа пристапија кон подготовка на предлог-програма на мрежата и оперативен план за работа. Беа идентификувани следните програмски области со кои ќе се занимава „Виадукт”: социјална заштита и права на деца, вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки, образование, вработување, здравство и култура. Членовите на мрежата ги искажаа очекувањата од мрежата која треба да биде транспарентна и добро координирана, а понудија и свои ресурси за нејзината одржливост (експертска поддршка, материјално-техничка поддршка, помош од институции, снабдување со информации, поддршка од локални медиуми, човечки ресурси, лобирање кај бизнис-сектор за одржливост на мрежата и соработка со странски мрежи). Во однос на структурата на мрежата, присутните разговараа и за модалитетите на управување (воспоставување на органи и тела). Беше договорено да се одржи уште една работилница на која ќе се разгледа уште еднаш работната верзија на програмата и евентуално ќе се направат промени, пред официјално да се усвои истата. Учесниците се согласија на следната работилница да подготват и меморандум за соработка кој ќе биде потпишан од сите членки на мрежата.
Регионалната работилница беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондација за развој на локалната заедница, поранешен Центар за поддршка на НВО).
 

Дневен ред  

 

sht453
kum007
kr356
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB