spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

Е-Билтен

Регистрирајте се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.







spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB

Најнови настани

Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување”

На 27 и 28 септември 2008 год. во хотел „Романтик” – Велес се одржува обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и...
-> Повеќе

Tрибина на тема „Верските празници - мостови за зближување на етничките заедници“

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар (поранешен Центар за поддршка на НВО)...
-> Повеќе

Други настани
Дома
Регионална работилница за подготовка на програма за работа на мрежа на НВО и институции во Штип Испечати Е-пошта
Работилница на тема “Креирање на програма за работа на регионална мрежа на НВО и институции кои работат на прашања поврзани со немнозинските етнички заедници од Штип, Куманово, Кратово и Крива Паланка“ се одржa на 5 и 6 јули 2008 година во х.Оаза, Штип.

Работилницата ја организира Фондацијата Институт oтворено oпштество - Македонија во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница Штип (поранешен Центар за поддршка на НВО - Штип) во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“.

Целта на регионалната работилница е да се подготви програма за работа на регионалната мрежа на НВО и институции, како и да се утврди структурата на регионалната мрежа.

Работилницата произлезе од иницијалниот состанок за вмрежување во Штип каде учесниците се договорија за следните чекори што треба да се направат во насока на формирање на мрежа на НВО и институции. Мрежата ќе работи на прашањата на немнозинските етнички заедници.

Се очекува во рамките на работилницата да бидат утврдени визијата и мисијата на мрежата, планот за работа на мрежата, органите и телата на мрежата и идните активности. Се очекува присуство на 20 претставници од невладини организации, основни училишта и претставници од подрачните канцеларии на Народниот правобранител и единиците на локалната самоуправа Штип, Кратово, Куманово и Крива Паланка.

Дневен ред  

 

sht453

 
< Претходно
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB