spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Кампања arrow ТВ дебати arrow Регионална ТВ Дебата на ТВ Ускана „Почитување на правата на немнозинските етнички заедници во Кичевскиот регион”
Регионална ТВ Дебата на ТВ Ускана „Почитување на правата на немнозинските етнички заедници во Кичевскиот регион” Испечати Е-пошта
На 12 јуни 2008 од студиото на ТВ Ускана, Кичево во периодот меѓу 20.00 и 21:00 часот беше емитувана ТВ дебатата „Почитување на правата на немнозинските етнички заедници во Кичевскиот регион“. Целта на дебатата беше да се согледа состојбата со почитувањето на правата на немнозинските етнички заедници во општините Кичево, Другово и Вранештица и воедно да се информираат граѓаните за институциите и механизмите кои постојат за заштита на правата на немнозинските етнички заедници. ТВ дебатата се одвиваше на македонски јазик, а беше емитувана двојазично, со титлување на албански јазик.

Во дебатата земаа учество следните воведничари: Мирјана Најчевска, експерт за човекови права, Даут Селими, Заменик народен правобранител за регионалната канцеларија во Кичево, Нухи Јусуфи, секретар на општина Кичево и Младен Ванчоски, претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците на општина Другово.
Мирјана Најчевска се осврна на регулирањето на правата на заедниците  во нашата држава со Уставот и законите на Република Македонија и воведувањето на нови институции за имплементација на законите. Потребно е Владата на Република Македонија да ја ратификува потпишаната Повелба за малцински јазици на Советот на Европа заради поставување на сите етнички заедници во еднаква положба. Нухи Јусуфи се осврна на регулирањето на правата на етничките заедници на локално ниво со донесувањето на новиот Закон за локална самоуправа кој се имплементира од 1 јули 2005, како и на функционирањето на Комисијата за односи меѓу заедниците. Даут Селими даде осврт на надлежностите и досегашната работа на Народниот правобранител. Младен Ванчоски посочи дека општина Другово е меѓу првите општини кои формирале Комисија за односи меѓу заедниците иако немаат законска обврска за тоа, се осврна на составот и функционирањето на Комисијата и третманот на немнозинските етнички заедници од страна на Комисијата без оглед на процентот на нивната застапеноста во општината.

Во рамките на дебатата беа презентирани согледувањата на невладините организации за почитувањето на правата на заедниците. Посебен акцент беше ставен на несоодветната застапеност на Ромите, Турците и Албанците во институциите и несоодветниот наставен кадар за настава на турски јазик во две основни училишта во Кичево и Другово.
За време на ТВ дебатата беше емитувана и претходно спроведената анкета со граѓаните. Од страна на анкетираните граѓани беа посочени неспроведувањето на двојазичност, двојазичниот печат во администрацијата на општина Вранештица и несоодветната застапеност на етничките заедници во институциите од регионот. Исто така, беше видливо дека поголем број од граѓаните не се доволно запознаени со поимот права на етничките заедници, како и со постоењето на институциите кои ги штитат тие права.

 

 

TV debata vo Kicevo
 

 

 kic012

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB