|
[english] [shqip] Компонентата Градење на капацитети и вмрежување има за цел јакнење на капацитетите на релевантните институции, комисиите за односи меѓу заедниците и НВО коишто работат со малцински групи/на прашања за малцинствата преку проценка на потребите, обуки и обука за обучувачи. Оваа компонента ќе обезбеди подобра комуникација и ќе охрабри вмрежување и соработка на локално и на национално ниво меѓу НВО, експертите и институциите што работат на полето на заштита на малцинските права во насока на решавање на прашања и потреби на немнозинските етнички заедници. Во рамки на оваа компонента ќе бидат организирани обука за обучувачи и 32 обуки за институции и НВО на релевантни теми. Обуките ќе се реализираат во 8 региони на РМ со вклученост на сите градови од земјата.
Проектот ќе ја поддржи соработката и вмрежувањето на локално ниво, помеѓу надлежните институции, експертите и НВО во адресирање проблеми и потреби, како и развивање на заеднички акциони планови од сферата на правата на немнозинските етнички заедници. Ќе бидат организирани три регионални работилници за размена на искуства и добри практики, споредба на приоритети и резултати, каде ќе се дискутираат и дефинираат регионалните концепти, приоритетите и соработката на регионално ниво..
Во склоп на компонентата ќе бидат организирани и 12 тематски состаноци со претставници на комисиите за односи меѓу заедниците, народниот правобранител, општинските власти и НВО на кои ќе се дискутира за прашања од заеднички интерес. Ќе бидат организирани и 6 регионални состаноци за комисиите за односи меѓу заедниците и регионалните канцеларии на омбудсманот со цел креирање заеднички акции и сензибилизирање за потребите на немнозинските групи.
|