|
Обука на тема "Вештини за пишување информации и нивна јавна презентација" |
|
|
|
На 28 и 29 јуни 2008 год. во хотел Дрим - Струга се одржува обука на тема „Вештини за пишување информации и нивна јавна презентација”. Обуката e дел активностите во проектот Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), во рамки на компонентата 3: Мониторинг на локалната администрација.
Целта на обуката е да се стекнат знаења за начините како една информација најдобро може да биде претставена во извештаите и истата да биде понатаму корисна за пошироката публика. Воедно, учесниците ќе стекнат вештини за презентирање на информациите користејќи медиуми преку практична работа– пишување соопштенија за јавност, одржување конференции за печат и други јавни настани.
На обуката ќе учествуваат членовите на локалните мониторинг тимови ангажирани во проектот и оперативната група за мониторинг.
Во текот на обуката учесниците ќе се здобијат со информации и вештини за презентација, дискусија и подготовка на прес-конференција.
Обучувачи на обуката ќе бидат Билјана Бејкова и Горан Величковски.
Дневен ред ( македонски | shqip )
|