| Регионална средба на Народниот правобранител со советници од единиците на локалната самоуправа и невладини организации |
|
|
На 26-ти јуни 2008 год. во Струмица се одржа регионална средба на Заменик Народниот правобранител - подрачна канцеларија Струмица со советници од единиците на локалната самоуправа од регионот и невладини организации.
Целта на регионалната средба беше да се поттикне соработката помеѓу Народниот правобранител, единиците на локалната самоуправа и невладините организации од регионот (Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Радовиш, Конче, Берово, Пехчево, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија) и да се унапреди статусот на немнозинските етнички заедници преку воспоставување механизми за соработка и дијалог за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници. На средбата присуствуваа вкупно 32 учесници (20 претставници на институции и 12 претставници на невладини организации). Вовед во средбата даде Славчо Петров, претседател на Советот на Општина Конче, кој во своето воведно излагање се осврна на формирањето на Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Конче, како и на добрите меѓуетнички односи кои владеат таму. Виолета Тимова, претставник од регионалната канцеларија на Народниот правобранител – Струмица, откако ги објасни надлежностите на Народниот правобранител се задржа на состојбата со добиените претставки, при што напомена дека од сите добиени претставки само една се однесува на повреда по основ на етничка припадност. Заге Филиповски, претставник од ОБСЕ, зборуваше за помошта што ОБСЕ ја дава на општините во процесот на децентрализација, како и за улогата на комисијата за односи меѓу заедниците. Средбата беше проследена со многу дискусија од страна на учесниците, се зборуваше за начинот, улогата и обврските што ги има комисијата за односи меѓу заедниците и за позитивните примери од функционирањето на комисијата. Учесниците беа запознаени со работата и одговорностите на регионалниот заменик на Народниот правобранител и со процедурата за пишување барања и жалби. Средбата ја водеше Сретен Коцески од Институтот за развој на заедницата Тетово, а од неа произлегоа следните заклучоци: поголемо информирање на граѓаните за улогата на комисијата за односи меѓу заедниците, повеќе лобирање за формирање на комисија за односи меѓу заедниците во општините и организирање на поголем број јавни настани/регионални средби помеѓу Народниот правобранител и невладиниот сектор, советниците и јавните институции. Средбата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Струмица и Гевгелија (Центарот за одржлив развој „Порта” Струмица и Регионален центар за одржлив развој Гевгелија, поранешни Центри за поддршка на НВО). Дневен ред str888 gev375 del56vo
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 26-ти јуни 2008 год. во Струмица се одржа регионална средба на Заменик Народниот правобранител - подрачна канцеларија Струмица со советници од единиците на локалната самоуправа од регионот и невладини организации.
Целта на регионалната средба беше да се поттикне соработката помеѓу Народниот правобранител, единиците на локалната самоуправа и невладините организации од регионот (Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Радовиш, Конче, Берово, Пехчево, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија) и да се унапреди статусот на немнозинските етнички заедници преку воспоставување механизми за соработка и дијалог за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници. На средбата присуствуваа вкупно 32 учесници (20 претставници на институции и 12 претставници на невладини организации). 




