spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Тематски работилници arrow Работилница на тема „Преку дружење кон подобар заеднички живот во Струга”
Работилница на тема „Преку дружење кон подобар заеднички живот во Струга” Испечати Е-пошта
[english] rabotilnica_struga.jpg  [shqip]                                 
На 3 јули 2008 год. во Струга се одржа работилница на тема „Преку дружење кон подобар заеднички соживот во Струга” со цел заеднички да се идентификуваат приоритети и чекори за долгорочно надминување на етничките тензии кај средношколците од различни етнички заедници. Работилницата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Струга (Здружение за развој и активизам „Аква“, поранешен Центар за поддршка на НВО Струга). Работилницата ја модерираше Сафет Балажи од Центарот за човекови права и разрешување на конфликти - Скопје. Во дискусијата, со взаемно учество на средношколците, беа направени обиди да се воспостави корелација меѓу различните етнички заедници што живееат во Струга за да се спречат понатамошни конфикти. При идентификувањето на проблемите,  учениците се согласија дека нема доволна соработка меѓу припадниците на различните етнички заедници, но постои и недоверба кон училишната администрација и раководните органи во средните училишта.
Спротивно од албанските ученици, македонските ученици се залагаат за воведување етнички смени во струшките средни училишта како неопходна превентивна мерка со која би се избегнале можните судири помеѓу учениците по етничка линија. Од друга страна, турските ученици се жалат дека се ставени во незавидна положба да избираат меѓу две опции иако не сакаат да заземаат страна.
Во рамките на работилницата учениците предложија неколку активности кои треба да се организираат од страна на училиштата и општината за да се подобри мултиетничкиот живот во Струга, и тоа: спортски активности со етнички мешани групи, културни активности (ликовни изложби, театар, фолклорни настани), работилница за менаџмент на конфликти и заеднички проекти. Исто така, со вклучување на сите релевантни фактори во Струга (професори, ученици, родители и локална власт) беше предложено да се санкционираат учениците за постапки кои негативно влијаат на мултиетничкото живеење и да се спроведе обука за професорите на тема комуникација и решавање на конфликти.
На работилницата учествуваа вкупно 34 учесници (4 професори, 2 претставници од Комисијата за односи меѓу заедниците Струга, 1 претставник од општина Струга, 1 психолог од Центарот за социјална работи и 26 ученици).

Дневен ред (македонски, shqip)

sr935
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB