spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Тематски работилници arrow Тематска работилница: “Унапредување на статусот на жените припаднички на немнозинските етнички заедници во управувачките структури во локалната заедница”
Тематска работилница: “Унапредување на статусот на жените припаднички на немнозинските етнички заедници во управувачките структури во локалната заедница” Испечати Е-пошта
vtora_tematska_rabotilnica_za_veleski_region.jpg На иницијатива на женските невладини организации и Комисијата за еднакви можности од Велес, на 28 јуни 2008 год. во Велес се одржа работилница на тема „Унапредување на статусот на жените - припаднички на немнозинските етнички заедници во управувачките структури во локалната заедница”. Целта на работилницата беше да се состават препораки и да се дефинираат идни чекори за унапредување на улогата на жените - припаднички на немнозинските етнички заедници во раководните тела на локално ниво. На работилницата, која ја модерираше Муесер Мурсин од невладината организација Акција Здруженска, присуствуваа претставници од невладиниот сектор (11), месни заедници (7), локални институции (7) и политички партии од Велес (5). На работниот дел му претходеше воведна презентација од страна на Мирдита Салиу, раководителка на Секторот за еднакви можности при Министерство за труд и социјална политика и Стојна Трајковска, претседателка на Комисија за еднакви можности при општина Велес. Мирдита Салиу ги запозна учесниците со законските одредби за родова рамноправност на локално и национално ниво, а се разви и дискусија за моменталната процентуална застапеност на жените во владините органи и тела. Стојна Трајковска даде податоци за состојбата на жените во управувачките структури на општина Велес, притоа беше констатирано дека жените во Велес се малку застапени во управувачките структури, а жените од немнозинските етнички заедници се застапени само со едно директорско место во основното образование. Следуваше дискусија за постоењето на проблемот со маргинализирањето на жените, особено припадничките на етнички заедници, уште во училишна возраст и реално малиот број жени поставени на раководни места.
Во рамките на работниот дел се формираа работни групи кои работеа на идентификување приоритетни потреби за подобрување на статусот на жените - припаднички на немнозинските етнички заедници во управувачките структури.
Како резултат од работата во групи заеднички беа предложени 5 главни приоритети кои претставуваат основа за зајакнување на улогата на жената во регионот: образование за сите – основно образование на мајчин јазик,  надминување на стереотипи/предрасуди за улогата на жената во општеството, почитување на сопствените желби на жената, поддршка од семејството, како и подобрување на економската состојба. Утврдените приоритети се очекува да бидат внесени во програмата на Комисијата за еднакви можности Велес за 2009 година.
На крајот од работилницата претседателот на Советот на општина Велес Трајко Бабунски искажа подготвеност да се разговара за сите проблеми и истите да се решаваат. Тематската работилница ја организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Велес (Фондација за развој и демократија „Фокус”, поранешен Центар за поддршка на НВО Велес).

Дневен ред

ve983
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB