spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Тематски работилници arrow Работилница на тема „Пристап на ромската популација до локалните институции”
Работилница на тема „Пристап на ромската популација до локалните институции” Испечати Е-пошта
rabotilnica_negotino.jpg На 30 јуни 2008 год. во Неготино беше реализирана работилница на тема „Пристап на ромската популација до локалните институции”, чија цел беше да се олесни комуникацијата на ромската популација со институциите и да се обезбеди поголемо вклучување на локалните невладини организации во подобрувањето на пристапот до институциите за Ромите.
Работилницата беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Неготино (Центар за локален развој Антигонеа, поранешен Центар за поддршка на НВО). Веса Шкортова и Ерол Адемов ја модерираа работилницата во која учествуваа претставници од локалната самоуправа, невладини организации и институции од Неготино и Кавадарци (6 претставници на институции од Неготино, 6 претставници на институции од Кавадарци, 2 претставници од општина Неготино, 1 претставник од општина Кавадарци и 10 претставници на невладини организации од Неготино и Кавадарци).
Во насока на реализирање на целта на работилницата беше изготвено барање до Комисијата за општествени дејности во општина Кавадарци за воспоставување референт за ромски прашања кој ќе се залага за подобрување на контактот со институциите и ќе обезбедува урнеци од формулари, барања и молби кои ги пополнуваат граѓаните.  Учесниците, кои работеа во групи, заеднички ги идентификуваа проблемите и пречките во комуникацијата меѓу ромската популација и институциите изнаоѓајќи можни решенија кои понатаму беа опфатени во план за понатамошно делување. Во планот за делување е предвидено ангажирање волонтери за посредство меѓу Ромите и институциите и асистенција при пополнување формулари, како и кампања за подигање на свеста за улогата на образованието (трибини, домашни посети).
Како резултат од работилницата, ангажирани се двајца волонтери во Здружението на Тиквешки Роми од Кавадарци кои и помагаат на ромската популација од општина Кавадарци во комуникацијата со локалните институции. Барањето за воспоставување референт за ромски прашања во општина Кавадарци е доставено и се обработува.
Работилницата беше оценета како многу конструктивна од страна на учесниците.

Дневен ред

neg073

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB