| Обука на тема „Човекови права и правни стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници” |
|
|
Од 27 до 29 јуни 2008 год. во Маврово беше реализирана обука на тема „Човекови права и правни стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници” со вкупно 26 претставници од институции и невладини организации од регионот на Дебар и Кичево. Целта на обуката, која ја спроведоа Игор Тасевски и Талија Бабоска од Центарот за граѓански иницијативи од Прилеп, беше да се пренесат знаења и вештини за примената на човековите права и правните стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници. Во обуката учествуваа 3 претставници од локалните самоуправи од Кичево, Вранештица и Дебар, 2 претставници од општинските совети на Кичево и Другово, 4 претставници од институции од Кичево и 17 претставници од невладини организации од Кичево, Дебар и Центар Жупа. Во дневниот ред на обуката беа опфатени основните човековите права и слободи, природата и хронологијата на човековите права, меѓународните документи за човекови права и правата на заедниците и нивната примена во Р. Македонија, заштитата и правата на припадниците на немнозинските етнички заедници и надлежните институции за заштита на правата на етничките заедници. Во текот на обуката се користеа методи на класично предавање, електронска презентација, работа во групи, реализирање на практични вежби и илустрација на теоријата со примери. Системот на заштита на правата на припадниците на заедниците, кој претставува составен дел на системот за заштита на човековите права воопшто, беше обработен во завршниот дел од обуката. Различната структура на учесниците поттикна плодна дискусија која придонесе кон полесно совладување на материјата и размена на конструктивни ставови. Преку вежби и игри учесниците го совладаа материјалот од обуката, а покрај тоа и детално ги разјаснија алатките за примена на правата на етничките заедници во локални услови. Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество во соработка со локалните канцеларии на проектот во Дебар и Кичево (Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и Центар за развој на заедницата Кичево, поранешни Центри за поддршка на НВО). Дневен ред (македонски, shqip)
kic012
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Од 27 до 29 јуни 2008 год. во Маврово беше реализирана обука на тема „Човекови права и правни стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници” со вкупно 26 претставници од институции и невладини организации од регионот на Дебар и Кичево. 




