spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Средби со народниот правобранител arrow Последователна работилница во Струга од регионалната средба со Народниот правобранител
Последователна работилница во Струга од регионалната средба со Народниот правобранител Испечати Е-пошта
tematska_struga.jpg На 11.06.2008 год. во Струга се одржа работилница на тема „Улогата на Комисијата за односи меѓу заедниците во унапредувањето на мултиетничкиот живот во Струга”. Работилницата е дел од активностите предвидени во проектот Живеење во мултиетничка средина – Граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ). Во тематската работилница учествуваа вкупно 32 учесници: претставници од општина Струга, советници од Советот на општина Струга и претставници од невладини организации што работат на малцински прашања. Можност за учество во дискусијата имаа сите учесници со цел подобрување на соработката и комуникацијата меѓу сите релевантни чинители. 

На тематската работилница се дискутираше за недоволната соработка и комуникација меѓу советниците и членовите на Комисијата за односи меѓу заедниците, општината и невладините организации, како и за надминувањето на овие проблеми. Се разјасни улогата на Комисијата и потребата од поблиска соработка со Советот во резрешувањето на клучните прашања за соживотот во Струга. Покрај тоа, се разговараше и за нормативните одредби во Законот за локална самоуправа и потребата за попрецизно дефинирање на ингеренциите на Комисијата за односи меѓу заедниците.

Тематската работилница ја организираше ФИООМ во соработка со Здружението за развој и активизам „Аква“ - Струга (поранешен Центар за поддршка на НВО Струга).

Дневен ред

sr935

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB