spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Тематски работилници arrow Работилница во Центар Жупа на тема „Отворена седница на Комисијата за односи меѓу заедниците”
Работилница во Центар Жупа на тема „Отворена седница на Комисијата за односи меѓу заедниците” Испечати Е-пошта
tematska_rabotilnica_zupa.jpg На 24 јуни 2008 год. во Центар Жупа се одржа работилница на тема „Отворен работен состанок на Комисијата за односи меѓу заедниците” на турски и македонски јазик. Работилницата ја иницираа неколку членови на оваа комисија, група родители на ученици од гимназиската паралелка и преставници од невладини организации, кои бараа овој состанок да биде од отворен карактер за да може и граѓани да учествуваат со свои идеи и критики. Иако Комисијата за односи меѓу заедниците во Центар Жупа била формирана веднаш по локалните избори во 2005 год., таа во текот на своето функционирање одржала само една средба на која присуствувале само половина од членовите. Работилницата ја водеше Сенат Беќири од здружението „Милениум” од Врапчиште, член на Надзорниот комитет на проектот. Во неа учествуваа шестмина претставници од локалната самоуправа, петмина претставници од образовните институции и членови на родителски одбори, осуммина претставници од невладини организации, тројца граѓани и двајца новинари. На самиот почеток, Шуип Марку, локален координатор на проектот во Дебар и Енгин Бахтијар, член на оперативната група за градење капацитети и вмрежување, дадоа краток преглед на досегашните активности на проектот во регионот. Во продолжение следуваа неколку воведни излагања: Еран Зубер, правник и претставник на општинската администрација, Мухарем Имеровски, член на локалниот мониторинг тим на проектот и Наџир Шемоски, претставник на родителскиот училишен одбор на ОУ „Моша Пијаде”. Излагањата претставуваа основа за понатамошна дискусија и идентификување на локалните проблеми.
Дискусијата воглавно беше насочена кон барањето поднесено до Комисијата за односи меѓу заедниците во кое се бара надомест на неплатените хонорари за наставниците кои предавале една година во гимназиската паралелка на турски јазик во Центар Жупа. Исто така, беше истакнато дека постои слаба соработка меѓу локалната самоуправа и Министерството за образование, па така општината користи простор во ОУ „Моша Пијаде” не земајќи предвид дека постои недостаток од простории за сместување на паралелките. Претставниците на македонската заедница проценија дека покрај турската паралелка во гимназијата во Центар Жупа има потреба од отворање паралелка и на македонски јазик, бидејќи децата кои учат на македонски јазик мора да патуваат до Дебар или да се запишуваат во другите градови. На крајот учесниците одлучија да формулираат препорака која Комисијата за односи меѓу заедниците ќе ја поднесе до Советот на општината. Препораката гласи: Со воведување на Законот за задолжително средно образование има потреба од формирање на едно централно средно училиште на територијата на општина Центар Жупа, со настава на турски и македонски јазик. Комисијата за односи меѓу заедниците му предлага на Советот на општина Центар Жупа да ги започне сите процедури за формирање на ваков центар за средно образование. Комисијата за односи меѓу заедниците бара од Советот на општината да заседава по ова прашање најдоцна до 15 јули 2008 година.
Препораката на Комисијата беше доставена до Советот на општината, но за жал, не постои подготвеност и заинтересираност оваа препорака на комисијата да се стави на дневен ред на седниците на Советот.
Трибината ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Дебар (Центар за одржлив развој на заедницата, поранешен Центар за поддршка на НВО).
Од состанокот произлезе препорака да се организира ТВ дебата на тема „Гимназија во Центар Жупа - да или не?” преку која ќе се информира јавноста за оваа иницијатива.

Дневен ред (македонски, türkçe

deb237 
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB