| Регионална ТВ дебата на ТВ Тера Битола „Меѓуетничкиот соживот - предизвик на заедништво и соработка” |
|
|
|
Пред пелагониската јавност се разви дискусија за персоналниот идентитет на лицето во општеството, правото на еднаквост, слобода и работа за секој поединец во земјата кое е вградено во законската рамка и Уставот на РМ. Регионалната дебата се организираше со цел да се отвори прашањето на етничките заедници во регионот (општините Битола, Прилеп, Долнени и Крушево) и едукација на граѓаните за постоечките домашни и интернационални инструменти за заштита на етничките заедници. Носечки теми беа застапеноста на етничките заедници во институциите, вклученоста во образованието, проблемите со гетоизирање и функционирање во сопствената група, невработеноста и сиромаштијата, дивоградбите и нивната легализација од аспект на генерални и детални урбанистички планови согласно законска регулатива за легализација на ваквите објекти, проблемите и начинот на функционирање на работата на Комисијата за односи меѓу заедниците, улогата, активностите и залагањата на невладините организации во насока на давање придонес кон подобрување и надминување на состојбите.
Во дебатата учествуваа Гоце Тодороски, извршен директор на Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, Бранко Нешкоски, директор на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање Прилеп, Беким Сулејманоски, претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците при Советот на општина Крушево и Ерџан Касум, претставник од НВО Сонце Битола. Беше емитувана и снимена изјава од заменикот на Народниот правобранител за подрачјето на Битола Лилјана Илиевска, која во своето излагање зборуваше за бројот на поднесени претставки во регионот.
Водител на дебатата беше новинарката Анета Шијакова.
TV debata vo Bitola
pp776
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









