spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест arrow Кампања arrow ТВ дебати arrow Регионална ТВ дебата во Велес „Работата на Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Чашка и Комисијата за еднакви можности во општина Велес”
Регионална ТВ дебата во Велес „Работата на Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Чашка и Комисијата за еднакви можности во општина Велес” Испечати Е-пошта
tv_debata_veles.jpgНа 11.03.2008 со почеток во 20.30 часот, како дел од редовната програма на ТВ Канал 21, Велес во редовниот термин на дебатната емисија „ТВ Дебата“ беше емитувана дебатата „Работата на Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Чашка и Комисијата за еднакви можности во општина Велес”, дел од проектот Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

Во ТВ дебатата учествуваа Јусуф Ахмедов - претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците во Советот на општина Чашка, Стојна Трајкова – претседателка  на Комисијата за еднакви можности во Советот на општина Велес, Соња Гаврилова од Друштвото на родители за грижа за здраво поколение, Велес и Зати Рамаданов од Здружението на граѓани Роми „Романи бах“ Велес. 

Целта на ТВ дебатата беше промоција на меѓукултурното и меѓуетничкото разбирање и рамноправното учество на жената во политиката со посебен акцент на жената од немнозинските етнички заедници. 

Дебатата започна со презентацијата на работата на комисиите за односи меѓу заедниците и комисиите за еднакви можности, како и со тековните активности на невладиниот сектор во регионот. Се дискутираше за начините на промоција на мултикултурниот дијалог и меѓуетничкото разбирање, како и за информирањето на граѓаните за нивните малцински и родови права. Беа презентирани искуства од сеуште присутните стереотипи за невклучувањето на жените во општествените текови, а се дебатираше и за спроведувањето на Декадата за вклучување на Ромите во регионот на Велес.
 
Водител на дебатата беше новинарот Кире Василевски.

ТВ дебатата беше од отворен карактер, односно гледачите поставуваа прашања и даваа свои коментари. Повеќето гледачи го искажаа својот позитивен став кон потребата за подобрување на меѓуетничкиот живот, но имаше и такви кои говореа со предрасуди и стереотипи во однос на другите етнички заедници.

ve983

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB