| Најава за работилница на тема „Улогата на Комисијата за односи меѓу заедниците во унапредувањето на мултиетничкиот живот во Струга” |
|
|
|
На 11ти јуни 2008 год. во Струга, хотел Дрим, со почеток во 11:00 ч. се одржува работилница на тема „Улогата на Комисијата за односи меѓу заедниците во унапредувањето на мултиетничкиот живот во Струга” дел од проектот Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).
Целта на тематската работилница е да се разговара за улогата и надлежностите на Комисијата за односи меѓу заедниците (КОМЗ), релацијата КОМЗ – Совет на општина Струга, начините за подобрување на комуникацијата и соработката меѓу КОМЗ и Советот на Општина Струга, како и за улогата на Народниот правобранител за унапредување на мултиетничкиот живот на граѓаните. На работилницата ќе бидат присутни претставници на КОМЗ, Советот на општина Струга, општина Струга.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









