| Обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата“ |
|
|
[english] Од 16 до 18 јуни 2008 год. во Охрид се одржа обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата“. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за механизмите и инструментите за креирање јавни политики, како и вештини за застапување за правата на малцинствата. Обучувачи на обуката беа Веса Шкортова и Виолета Димовска од невладината организација Акција Здруженска од Скопје. Во обуката учествуваа 17 претставници (3 од институции и 14 од невладини организации) од Штип, Крива Паланка и Куманово.
Учесниците преку интерактивен пристап стекнаа знаења за поимот јавна политика и за формите за застапување за правата на малцинствата. Поимот јавно застапување предизвика продуктивна полемика кај присутните затоа што имаше дилема за вистинското значење на тој збор. Исто така беа презентирани и други сродни концепти на јавното застапување и чекорите за јавно застапување. Преку работа во групи учесниците дефинираа проблем/тема за јавно застапување и врз основа на тоа ги поставија целите и задачите во процесот, избор и анализа на целна публика, стратегија за комуникација со публиката и план за примена на јавното застапување. Обуката беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондација за развој на локалната заедница Штип, поранешен Центар за поддршка на НВО). Дневен ред sht453 kum007 kr356
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Од 16 до 18 јуни 2008 год. во Охрид се одржа обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата“. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за механизмите и инструментите за креирање јавни политики, како и вештини за застапување за правата на малцинствата. Обучувачи на обуката беа Веса Шкортова и Виолета Димовска од невладината организација Акција Здруженска од Скопје. Во обуката учествуваа 17 претставници (3 од институции и 14 од невладини организации) од Штип, Крива Паланка и Куманово.
Учесниците преку интерактивен пристап стекнаа знаења за поимот јавна политика и за формите за застапување за правата на малцинствата. Поимот јавно застапување предизвика продуктивна полемика кај присутните затоа што имаше дилема за вистинското значење на тој збор. Исто така беа презентирани и други сродни концепти на јавното застапување и чекорите за јавно застапување. Преку работа во групи учесниците дефинираа проблем/тема за јавно застапување и врз основа на тоа ги поставија целите и задачите во процесот, избор и анализа на целна публика, стратегија за комуникација со публиката и план за примена на јавното застапување. 




