spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Обуки arrow Обука на тема „Човекови права и правни стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници”
Обука на тема „Човекови права и правни стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници” Испечати Е-пошта
covekovi_prava_resen-ohrid_12-14_juni_08.jpgОд 12 до 14 јуни 2008 год. во Охрид се одржа обука на тема „Човекови права и правни стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници”.
Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за концептите и заштитата на човековите права (карактеристики, историјат и механизми), а во неа учествуваа 17 претставници од невладини организации од Ресен, Битола, Струга и Охрид, и 8 претставници од локалните институции од Ресен и Струга. Обуката ја спроведоа Игор Тасевски и Талија Бабоска од Центарот за граѓански иницијативи, Прилеп. Структурата на учесниците беше одлично избалансирана во поглед на возраста, полот, националноста и образованието. Оттаму и дискусиите беа интересни, а поставуваните прашања инспирирани од предавањата. Кај некои учесници прашањата служеа за надградување на некои веќе стекнати знаења. Од особено значење за оваа обука беше присуството на Лилјана Илиевска, заменик на Народниот правобранител од подрачната канцеларија во Битола, чии коментари и совети беа добредојдени за сите учесници.
Во содржинскиот дел од обуката најпрво беше објаснето значењето на националните односно етничките, религиозните и јазичните малцинства во некои европски држави. Потоа беше презентиран списокот  на основните слободи и права на човекот кои под сосема еднакви услови треба да ги уживаат и припадниците на мнозинството и граѓаните од етничките заедници. Поврзувањето на меѓународната со домашната правна рамка за заштита на правата на заедниците со посебен осврт кон законите од домашното законодавство му претходеше на завршниот дел во чии рамки беше опфатен системот на заштита на правата на припадниците на заедниците како составен дел на системот за заштита на човековите права воопшто.
Работната атмосфера беше одлична и дополнително поткрепена со групна работа и серија практични вежби за примена на новите информации.
Обуката беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот од проектот во Ресен и Струга (Центар за поддршка на заедницата Ресен и Здружение за развој и активизам „Аква” Струга, поранешни Центри за поддршка на НВО).

Дневен ред

res493
sr935
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB