Конференција за печат се одржа на 28 октомври 2009 година во просториите на локалната канцеларија на проектот во Велес (Фондација за локален развој и демократија „Фокус”) со цел да се презентираат наодите од 18-месечното следење на локалните администрации во Велес и Чашка. На конференцијата за печат присуствуваа вкупно 12 учесници, меѓу кои 7 претставници на 4 локални медиуми и 5 активисти на невладини организации.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 28.10.2008 год. со почеток во 16:00 часот во просториите на Центарот за развој на заедницата – Кичево, кој е воедно и локална канцеларија на проектот, се одржа конференција за печат со наслов „ Децентрализацијата – можност за потолерантни општини Кичево, Вранештица и Другово “. На конференцијата за печат присуствуваа 10 претставници од медиуми, невладини организации и институции.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 28 октомври 2009 год. во 17:30 часот во малата сала на општина Крива Паланка се одржа конференција за печат на која беа претставени резултатите од набљудувањето на локалната администрација за општините Крива Паланка и Старо Нагоричане во периодот од 1 јануари 2008 до 30 јуни 2009 година. Конференцијата за печат ја отвори и со неа раководеше членот на оперативната група за мониторинг и локален координатор на проектот Борјанчо Мицевски кој даде општ вовед за проектот, методологијата на набљудување и општите констатации и состојби на национално ниво.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Во просториите на Фондацијата за поддршка и равој Прилеп, која воедно е и локална канцеларија на проектот, на 28.10.2009 година во 16:00 часот се одржа конференцијата за печат на тема „Кон толерантни општини“. Конференцијата беше организирана на крајот од проектот по повод објавувањето на извештајот од набљудувањето на локалната администрација. Членовите на локалниот мониторинг тим ги информираа медиумите за нивната работа во периодот меѓу јануари 2008 и јуни 2009 год.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Фондацијата Институт отворено општество - Македонија на 28 октомври 2009 год. организираше конференција за печат со наслов „ Децентрализацијата, можност за потолерантни општини - Струга” која се одржа во просториите на локалната канцеларија на проектот во Струга (Здружение за развој и активизам „Аква”). На конференцијата за печат присуствуваа 2 новинари (Радио Рапи и дописник на ИНА и КОХА), 5 активисти на невладини организации и 2 преставници од Комисијата за односи меѓу заедниците во Струга.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 27-ми октомври 2009 год. во Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар се одржа конференција за печат со наслов „Децентрализацијата – можност за потолерантни општини Дебар и Центар Жупа”.
Целта на конференцијата за печат беше да се информира локалната јавност за досегашното следење на работата на локалната администрација во општините Дебар и Центар Жупа во поглед на спроведувањето на меѓународното и домашното законодавство поврзано со правата на немнозинските етнички заедници и соодветната и правичната застапеност во институциите.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата „Заеднички вредности“ и Центарот за развој на заедницата - Кичево на 15.07.2008 год. со почеток во 11:00 часот организираше конференција за печат со наслов „Децентрализацијата - можност за подобрување на меѓуетничките односи во општините Кичево, Вранештица и Другово“. Конференцијата се одржа во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ финансиран од Европската комисија и ФИООМ.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|