На 25-ти октомври 2008 год. во Делчево се одржа јавна дебата на тема „Состојбата на немнозинските етнички заедници во регионот на Делчево, Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Виница и Кочани” која беше прва во серијата јавни дебати предвидени во проектот. Цел на дебатата беше да се поттикне дискусија меѓу претставниците од централната и локалната власт, невладините организации и граѓаните за потребите на немнозинските етнички заедници во секоја од шесте општини.
На 21-ви ноември 2008 год. во Струмица се одржа јавна дебата на тема „Интеграција на немнозинските етнички заедници во јавниот живот“. Средбата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Струмица (Центар за одржлив развој „Порта“, поранешен Центар за поддршка на НВО).
На 18 ноември 2008 година во Тетово се одржа јавна дебата на тема „Социјалната положба на немнозинските етничките заедници во Тетово“.
Во јавната дебата земаа учество претставници од локалната самоуправа и институции (3), невладини организации (14) и медиуми (4) од Тетово. Целта на јавната дебата беше насочена кон констатирање на актуелната социјална положба на немнозинските етнички заедници во Тетово, подобрување на комуникацијата помеѓу засегнатите страни во локалната заедница и поттикнување поголема заинтересираност и информираност на граѓаните за правата на немнозинските етнички заедници од сферата на социјалните права.
На самиот почеток од трибината беше организирана традиционална рамазанска вечера (ифтир) за учесниците, со дебарско мени. По заедничката вечера следуваше кратко објаснување за проектот.
Во понатамошниот тек на трибината, воведно излагање имаше Ружди Лата, преставник на исламската верска заедница, кој даде историска ретроспектива за верската толеранција во Дебар, практикувањето на толеранцијата во секојдневниот живот и верската толеранција кај Албанците низ историјата.
Во соработка со локалната канцеларија на проектот што ги покрива општините Неготино, Кавадарци, Росоман и Демир Капија, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија организираше јавна дебата на тема „Образованието на Ромите во Тиквешкиот регион - потреба и предизвик“ со цел да се согледа ситуацијата со образованието на Ромите во Тиквешкиот регион. Јавната дебата се одржа во Неготино на 26 август 2008 год. во присуство на 12 претставници од локалните институции, 14 претставници од невладини организации и 1 претставник од медиумите.
На 19 јуни 2008 год. се одржа јавна трибина во Дебар на тема „Последиците од малолетнички бракови кај ромската популација”. На трибината учествуваа 48 учесници, и тоа: претставници од локалната самоуправа и локалните институции (8), медиуми (4), невладини организации (12) и граѓани и млади од сите етнички заедници (24). Трибината ја водеше Несиме Салиоска од Организацијата за ромска мултикултурна афирмација „Рома СОС” од Прилеп која даде краток вовед за состојбата на ромската заедница во Република Македонија истакнувајќи дека најголема причина за напуштање на училиштата од страна на ромските деца е, за жал, многу честата појава на склучување малолетнички бракови.
На 18-ти јуни 2008 год. во Делчево се одржа трибина на тема „Последиците од малолетнички бракови кај ромската популација”.
Целта на трибината беше да се подигне свеста кај ромската популација за последиците од склучување малолетнички бракови од 3 аспекти: правен, медицински и социјален. На трибината учествуваа 15 претставници на невладини организации, 2 претставници на институции и 24 граѓани од Делчево и Пехчево.
На 09 јуни 2008 год. во салата на општина Велес се одржа јавна дебата на која присуствуваа 120 гости (66 претставници на институции, 45 претставници на невладини организации и 9 новинари од Велес, Чашка и Градско).
На дебатата, организирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, воведно излагање имаа јавни личности, граѓани и експерти од регионот.
На 21-ви мај 2008 год. во Гевгелија се одржа јавна дебата на тема „Образованието на немнозинските етнички заедници”. Целта на јавната дебата беше учесниците да се информираат и запознаат со состојбите во образованието на немнозинските етнички заедници и да се дискутира за проблемите и начините како да се надминат проблемите.
На 15 мај 2008 год. во Прилеп беше одржана јавна дебата на тема „Подобри можности за ромската заедница во Општина Прилеп”. Учество во дебатата земаа 44 учесници (6 претставници од општина Прилеп, 8 претставници од институции, 17 претставници од НВО и 3 претставници од медиумите). Во рамките на дебатата, присутните ги поздрави Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, кој говореше за залагањата на општината за подобрување на условите за живеење во прилепските ромски населби Тризла 1 и Тризла 2.