spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Кампања arrow Мултиетнички хепенинзи
Мултиетнички хепенинзи
Одржан вториот мултиетнички хепенинг „Под исто сонце” во Струга Испечати Е-пошта
Narodno oroНа брегот на Охридското езеро на 4-ти јули 2009 год. во автокампот „Ас”во Струга се одржа вториот мултиетнички хепенинг, кој е дел одкампањата „Под исто сонце” за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Високите температури не ги спречија посетителите да уживаат во настанот кој се одржа под отворено небо. Повеќе од 6000 посетители имаа можност да се запознаат со културата и традицијата на различните етнички заедници кои како обележја беа промовирани од страна наневладини организации, институции, културно-уметнички друштва, женски организации и музеи. Манифестацијата официјално ја отворија Н.Е. ЕрванФуере, специјален  претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската Комисија и Владимир Милчин, извршен директорна Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Во рамките на официјалното отворање беше промовирана и публикацијата „Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“, објавена на 7 јазици.
Прочитај повеќе...
 
Голем мултиетнички хепенинг во Струга Испечати Е-пошта

ГОЛЕМ МУЛТИЕТНИЧКИ ХЕПЕНИНГ ПОД ИСТО СОНЦЕ
дискусии, традиција, фолклор,

концерт:
МАЈКА БЕНД, ПАРКЕТИ, БЕНИ & НОН СТОП, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ

Автокамп „АС“, Струга, 4 јули 2009, од 12 до 24 ч.

ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!

majka_bend.jpgparketi6.jpgbeni.jpgkiril-k-001.jpg







ТВ СПОТ (македонски)


ТВ СПОТ (shqip)


Радио спот (македонски)


Радио спот (shqip)



Флаери и постер за настанот - македонски (кликни на сликата за поголема верзија)
poster flaer 1 mk flaer mk 2


Флаери и постер за настанот - албански (кликни на сликата за поголема верзија)
poster flaer 1 al flaer al 2
Прочитај повеќе...
 
Одржан првиот мултиетнички хепенинг „Под исто сонце“ Испечати Е-пошта
.jpg Под мотото „Под исто сонце“ во саботата (1 ноември 2008 год.) се одржа првиот еднодневен мултиетнички хепенинг на Скопски саем, кој е дел од кампањата за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Културата, традицијата и вредностите како обележја на различните етнички заедници беа промовирани од страна на невладини организации и институции, од кои најбројни беа културно-уметничките друштва, женските организации и музеите. Народни носии, ракотворби, кулинарски специјалитети и фолклорни игри беа претставени од страна на 800 учесници од 28 населени места. Повеќе од 6000 посетители од цела Македонија имаа можност да се дружат и да вкусат традиционални јадења, да уживаат во музиката и да се запознаат со спецификите на културата и традицијата на различните етникуми во земјава. Беа презентирани и кратки документарни филмови, етнолошки изложби, ликовни дела и стрип работилница. 
Прочитај повеќе...
 
МУЛТИЕТНИЧКИ ХЕПЕНИНГ ПОД ИСТО СОНЦЕ Испечати Е-пошта

МУЛТИЕТНИЧКИ ХЕПЕНИНГ ПОД ИСТО СОНЦЕ
дискусии, традиција, фолклор, концерт:

БЛА-БЛА-БЛА, АРЕА, ТОНИ КИТАНОВСКИ и ЧЕРКЕЗИ
 
Скопски саем, 1 ноември, од 10 до 24 ч.
 
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!
ТВ Спот на македонски јазик 
  ТВ Спот на македонски јазик 2 
 
ТВ Спот на албански јазик


bla-bla-bla.jpgarea_foto.jpgpromo_tonikcherkezi.jpg

Прочитај повеќе...
 
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB