|
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 21 октомври 2009 год. организираше ТВ дебата на тема „Oбразованието на припадниците на немнозинските етнички заедници” која се емитуваше како дел од редовната програма на ТВ Здравкин, Велес во терминот на емисијата ТВ дебата. Целта на ТВ дебатата, која започна во 19.30 и заврши во 21.00 часот, беше да се презентираат наодите од 18-месечното набљудување на локалната администрација во општина Велес и општина Чашка во поглед на остварувањето на правата на немнозинските етничките заедници.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 9-ти декември 2008 год. на ТВ Канал Вис-Струмица се одржа ТВ дебата
на тема „Интеграција на немнозинските етнички заедници во јавниот
живот”. Целта на дебатата беше да се согледа актуелната состојба со
вклученоста на немнозинските етнички заедници во јавниот живот, како и
да се дискутираат можностите за нивно поголемо учество во процесите на
одлучување на локално ниво. Темата на ТВ дебатата произлезе од јавната
дебата во Струмица, исто така емитувана на ТВ Канал Вис, на која беше
заклучено дека образованието е клучен фактор за интеграција на
немнозинските етнички заедници во јавниот живот.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 12-ти август 2008 год. на локалниот телевизиски канал ТВ Жупа меѓу 20:00 и 21:30 часот беше емитувана ТВ дебата со наслов „Гимназија во Центар Жупа - да или не?”.
Телевизиската дебата е дел од проектната компонента Лобирање и застапување и поттикнување на јавната свест во рамките на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита” финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ).
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
На 12 јуни 2008 од студиото на ТВ Ускана, Кичево во периодот меѓу 20.00 и 21:00 часот беше емитувана ТВ дебатата „Почитување на правата на немнозинските етнички заедници во Кичевскиот регион“.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 30.11.2007 година со почеток во 21:00 часот на ТВ Нова Куманово беше емитувана ТВ дебата со наслов „Живее ли Куманово во духот на мултиетничкото разбирање?“. Целта на оваа дебата беше да се промовира мултиетничкото разбирање и да се разговара за прашањата кои ги засегаат немнозинските етнички заедници во Куманово.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
На 07.05.2008 год. во Битола од студиото на ТВ ТЕРА беше емитувана ТВ дебата на тема „Меѓуетничкиот соживот - предизвик на заедништво и соработка“, дел од проектот Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 11.03.2008 со почеток во 20.30 часот, како дел од редовната програма на ТВ Канал 21, Велес во редовниот термин на дебатната емисија „ТВ Дебата“ беше емитувана дебатата „Работата на Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Чашка и Комисијата за еднакви можности во општина Велес”, дел од проектот Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 29 февруари 2008 год. со почеток во 20.10 часот на локалната телевизиска станица Менада се емитуваше ТВ дебатата на тема „Градење на меѓуетничкиот соживот – предизвик за институциите во Тетово“ на македонски јазик. Емисијата ја водеше Санда Србиновска, новинар во ТВ Менада, а беше обезбеден титлуван превод на албански јазик. Во дебатата учествуваа: Аднан Нухи - претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците во Тетово, Насер Ќамили – советник во општина Тетово, Марина Обадиќ – Заменик Народен правобранител во регионалната канцеларија Тетово и Сретен Коцески – претседател на Институтот за развој на заедниците Тетово.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип на 17.12.2007 год. организираше ТВ дебата на тема „Имплементација на националната и меѓународната легислатива во областа на малцинските права“ која започна во 20.30 часот на локалната телевизиска станица ТВ Ирис.
Дебатата ја водеше новинарот Војо Маневски, а во неа учествуваа: Шенај Османов, претставник од ромската етничка заедница, Јонус Али, претставник од турската етничка заедница, Драги Илиев, претседавач на Советот на општина Штип, Рајна Панова, Заменик Народен правобранител од регионалната канцеларија во Штип и Сашко Тодоровски, експерт за малцински права.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|