|
|
 |
Во организација на Фондацијата Институт Отворено општество -Македонија и здружението „Заеднички Вредности” и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип (поранешен Центар за поддршка на НВО) на 17 и 18 октомври 2009 година во Битола се одржа работилница на тема „Размена на искуства на НВО мрежи”.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 2-ри и 3-ти октомври 2009 година во Штип се одржа регионална работилница за подготовка на кодекс на мрежата „Хрватски национален совет“. Во регионалната работилница учествуваа 17 претставници од Штип, Тетово, Битола и Куманово. Првиот ден се работеше на ревизија на стратегијата на мрежата.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Работилница на тема „Формирање на координативно тело на мрежата на влашките невладини организации во Република Македонија” се одржа на 25-ти и 26-ти септември 2009 год. во Битола.
На работилницата присуствуваа 28 претставници од влашки здруженија во Македонија, претставник од Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на заедниците при Министерството за образование и наука, претставник од Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во РМ при Министерството за култура, како и екипа на влашката редакција при МТВ.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На иницијатива на Македонско-хрватското здружение од Штип, на 06 и 07 декември 2008 год. во Битола се одржа регионална работилница „Подготовка на програма за работа на мрежа”. Целта на дводневната работилница беше да се усвои програма за работа на мрежа составена од македонско-хрватски здруженија, придружена од сите неопходни елементи кои ќе го одразуваат нејзиното дејствување (визија, мисија, структура, раководство, органи и тела, приоритети и цели).
Во работилницата учествуваа 12 претставници на невладини организации (8 Хрвати и 4 Македонци) од Штип, Тетово, Битола и Куманово, како и Почесниот конзул на Република Хрватска во Битола, г-дин Бранко Маретиќ.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Работилница на тема „Координација за создавање национална мрежа на влашките невладини организации во Република Македонија“ се одржа на 14-ти и 15-ти ноември 2008 година во Штип.
Целта на регионалната работилница беше да се воспостави координација меѓу релевантните здруженија од влашката заедница во Република Македонија за да може да се дефинираат приоритети од областа на јазикот/образованието и културата на влашката заедница во земјава.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
По одржувањето на Иницијалниот состанок за вмрежување и Регионалната работилница за подготовка на програма за работа на мрежа, на 14 и 15 октомври 2008 год. во Штип повторно се одржа регионална работилница за членките на мрежата „Виадукт”. Целта на работилницата беше да се финализира и усвои програмата за работа на мрежата во која членуваат институции и организации од регионот (Штип, Куманово, Ранковце и Крива Паланка), како и да се состави меморандум за соработка.
Работилницата ја водеше Марио Вељковиќ, а во неа учествуваа 3 претставници на институции и 14 претставници на невладини организации.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 5-ти и 6-ти септември 2008 г. во Пробиштип се одржa регионална работилница на тема „Подготовка на годишни програми на ромските етнички заедници за шест општини во североисточниот дел на Република Македонија” на која присуствуваа 22 претставници од невладини организации и ромски советодавни групи од општините Ранковце, Кратово, Виница, Берово, Кочани и Пробиштип, 3 референти за малцински прашања од Виница, Крива Паланка и Кочани, 3 претставници од локалните самоуправи и 6 претставници од Центрите за социјални работи од Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Виница, Кочани и Берово, како и 2 претставници од Агенции за вработување од Пробиштип и Крива Паланка.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 05 и 06 јули 2008 год. во Штип се одржа регионална работилница за подготовка на програма за работа на мрежа. Иницијативата за вмрежување започна со иницијален состанок во чии рамки се реализираа првичните подготовки за формирање регионална мрежа од невладини организации и институции кои работат на прашања поврзани со немнозинските етнички заедници. Регионалната работилница за подготовка на програма за работа на мрежа ја водеше Марио Вељковиќ, а во неа учествуваа 3 претставници од институции и 15 претставници од невладини организации од Штип, Куманово, Ранковце и Крива Паланка. Целта на работилницата беше да се утврди визија и мисија на мрежата, да се подготви план за работа на мрежата, да се разговара за нејзината структура (органи и тела) и да се дефинираат следните чекори поврзани со активностите на мрежата.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 11 јуни 2008 год. во Штип се одржа иницијална средба за вмрежување на невладини организации и институции од Куманово, Кратово, Крива Паланка и Штип кои работат на прашања поврзани со немнозинските етнички заедници. Модератор на средбата беше Невенка Лонгурова - Гирова, локален координатор на проектот во Штип. На состанокот присуствуваа 5 претставници на институции и 12 претставници на невладини организации од Штип, Крива Паланка, Ранковце и Куманово кои уште од почетокот на проектот беа вклучени во програмата за градење капацитети.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|
 |
|