|
|
 |
По веќе одржаните регионални средби во Тетово, Кичево, Струмица, Битола и Штип, на 21 јануари 2009 год. се одржа регионална средба на Заменикот Народен правобранител - регионална канцеларија Куманово, Комисиите за односи меѓу заедниците и Советите на општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковцe, Кратово и Крива Паланка.
Целта на средбата, на која присуствуваа 38 учесници, беше да се поттикне соработка меѓу Народниот правобранител, комисиите за односи меѓу заедниците и советите на општините од регионот за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 17 декември 2008 год. во Штип се одржа регионална средба на Народниот правобранител - регионална канцеларија Штип, Комисиите за односи меѓу заедниците и Советите на општините од Штип, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пробиштип, Свети Николе, Чешиново-Облешево и Лозово. На регионалната средба присуствуваа 40 претставници од Комисиите за односи меѓу заедниците и Советите на општините и 2 претставници од невладиниот сектор.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
На 26 ноември 2008 год. во Битола се одржa „Регионална средба на Народниот правобранител - регионална канцеларија Битола, Комисиите за односи меѓу заедниците и Советите на општините од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани, Неготино, Кавадарци, Крушево и Долнени”. Целта на средбата беше да се поттикне соработка меѓу Народниот правобранител, комисиите за односи меѓу заедниците и советите на општините за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 26-ти јуни 2008 год. во Струмица се одржа регионална средба на Заменик Народниот правобранител - подрачна канцеларија Струмица со советници од единиците на локалната самоуправа од регионот и невладини организации.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 26-ти јуни 2008 год. во Тетово се одржа регионална средба на Народниот правобранител – регионална канцеларија Тетово со Комисиите за односи меѓу заедниците од општините Тетово, Гостивар, Врапчиште, Јегуновце, Брвеница, Боговиње и Маврово и Ростуше.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 11.06.2008 год. во Струга се одржа работилница на тема „Улогата на Комисијата за односи меѓу заедниците во унапредувањето на мултиетничкиот живот во Струга”. Работилницата е дел од активностите предвидени во проектот Живеење во мултиетничка средина – Граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 18 јуни 2008 година во Кичево се одржа работилница на тема „Улогата на Комисијата за односи меѓу заедниците и нејзиниот придонес во унапредување на меѓуетничката доверба и толеранција во Кичево“.
Во тематската работилница учествуваа вкупно 19 претставници од институции и невладини организации, меѓу нив 3 членови на Комисијата за односи меѓу заедниците од Кичево, 7 членови на Советот на Општина Кичево, 1 претставник од Општина Кичево и 9 претставници од невладини организации кои работат на малцински прашања.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Често во Советите на општините нема претставници на помалите етнички заедници и токму заради тоа се формирани овие комисии. Но, иако се формирани овие комисии, не се случува Советот да побара мислење од оваа комисија за прашања кои ги засегаат помалите етнички заедници. Откако е формирана комисијата само еднаш е побарано мислењето на оваа комисија и тоа при донесување на Статут на општината за член 20, но без повратна информација. Членовите на комисијата не ги знаат нивните ингеренции. Работата на оваа комисија треба да е со закон регулирана според кој Советот ќе бара мислење од комисијата, мислењето на комисијата да се става на дневен ред на седниците на Совет...
kic012
Преземи го целиот извештај...
|
|
На 14 мај 2008 година во Кичево се одржа регионална средба на Заменик Народниот правобранител - регионална канцеларија Кичево и комисиите за односи меѓу заедниците од регионот. Целта на средбата беше да се поттикне соработка меѓу Народниот правобранител и Комисиите за односи меѓу заедниците од Кичево, Другово, Вранештица, Струга, Дебар и Центар Жупа за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|
 |
|