spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Работилница во Центар Жупа на тема „Отворена седница на Комисијата за односи меѓу заедниците” Испечати Е-пошта
tematska_rabotilnica_zupa.jpg На 24 јуни 2008 год. во Центар Жупа се одржа работилница на тема „Отворен работен состанок на Комисијата за односи меѓу заедниците” на турски и македонски јазик. Работилницата ја иницираа неколку членови на оваа комисија, група родители на ученици од гимназиската паралелка и преставници од невладини организации, кои бараа овој состанок да биде од отворен карактер за да може и граѓани да учествуваат со свои идеи и критики. Иако Комисијата за односи меѓу заедниците во Центар Жупа била формирана веднаш по локалните избори во 2005 год., таа во текот на своето функционирање одржала само една средба на која присуствувале само половина од членовите.
Прочитај повеќе...
 
Работилница на тема „Вклученост на ромските деца во образовниот систем на општина Куманово“ Испечати Е-пошта
На 12 мај 2008 год. во Куманово се одржа работилница на тема „Вклученост на ромските деца во образовниот систем на Oпштина Куманово”. Темата на работилницата произлезе од предлозите изнесени на иницијалниот состанок за вмрежување во Куманово, како и проблемите дискутирани на јавната дебата.
Целта на тематската работилница беше да се утврдат форми за примена на усвоениот локален акционен план во рамките на Декадата за вклучување на Ромите од сферата на образованиeто, како и да се изнајдат чекори за поголема опфатеност на ромските деца во образовниот систем во соработка со родителите, учениците и наставниците од различна етничка припадност.
Прочитај повеќе...
 
Работилница на тема „Улога, функција и начини за формирање комисија за односи меѓу заедниците “ Испечати Е-пошта
rabotilnica_gevgelija.jpg На 16 ти април 2008 год. во Гевгелија се одржа работилница на тема: „Улога, функција и начини за формирање комисија за односи меѓу заедниците”. Целта на тематската работилница беше учесниците да се запознаат со законската легислатива за формирање комисија за односи меѓу заедниците и практично да го отпочнат процесот на формирање комисии за односи меѓу заедниците во своите општини.
Прочитај повеќе...
 
Работилница на тема „Образованието на Ромите и невработеноста на немнозинските етнички заедници“ Испечати Е-пошта
[english]  [romani]                                     tematska_rabotilnica_delcevo.jpg
На 27-ми и 28-ми март 2008 година во Делчево се одржа работилница на тема „Образованието на Ромите и невработеноста на немнозинските етнички заедници”. Целта на дводневната работилница беше да се дефинираат локалните проблеми и потреби на ромската заедница во регионот во областа на образованието и вработувањето. Овие две теми беа одделно обработени во различни денови за да се овозможи поефективно адресирање на профилирани целни групи надлежни за надминување на проблемите на локално ниво. 
Прочитај повеќе...
 
Работилница на тема „Креирање на програма за работа на Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Чашка за 2008 година“ Испечати Е-пошта
tematska_rabotilnica_veles.jpg На 22 февруари 2008 год. во Чашка беше одржана првата работилница од серијата тематски работилници предвидени во рамките на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“. Во работилницата учествуваа 23 учесници, меѓу кои 5 претставници од основните училишта во Чашка и Богомила, 5 претставници од општина Чашка, 6 членови на Советот на Општина Чашка, 3 члена на локалниот мониторинг тим и 4 претставници од НВО од Велес.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 11 - 15 од 15
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB