На иницијатива на женските невладини организации и Комисијата за еднакви можности од Велес, на 28 јуни 2008 год. во Велес се одржа работилница на тема „Унапредување на статусот на жените - припаднички на немнозинските етнички заедници во управувачките структури во локалната заедница”. Целта на работилницата беше да се состават препораки и да се дефинираат идни чекори за унапредување на улогата на жените - припаднички на немнозинските етнички заедници во раководните тела на локално ниво. На работилницата, која ја модерираше Муесер Мурсин од невладината организација Акција Здруженска, присуствуваа претставници од невладиниот сектор (11), месни заедници (7), локални институции (7) и политички партии од Велес (5).
|
|
Прочитај повеќе...
|