Во рамките на проектот „Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита“, учесниците ќе имаат можност да го применат стекнатото знаење. Формираните тимови на обучувачи ќе асистираат на најмалку две обуки кои ќе се организираат со цел подигнување на капацитетите на невладините организации и институциите.
Распоред на обуки за асистирање од страна на учесниците на Обуката за обучувачи
Кликни тука...
На крајот од процесот секој тим ќе има можност самостојно да испорача една обука.
|
|
Во периодот од 3-ти до 6-ти април 2008 год. се спроведе третиот модул од обуката за обучувачи. На овој модул присуствуваа вкупно 13 учесници. Еден од учесниците поради други обврски го откажа натамошното учество во обуката.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Вториот модул се спроведе во периодот од 13-ти до 16-ти март 2008 год. во хотел Романтик, Велес.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Во периодот од 23-ти до 26-ти февруари 2008 год. во хотел Романтик, Велес се спроведе првиот модул од Обуката за обучувачи.
Присутни беа селектираните 14 учесници од институции и невладини организации, припадници на различни етникуми кои живеат во Република Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ ќе организира обука за обучувачи. Целта на обуката за обучувачи е формирање тимови на обучувачи кои ќе спроведуваат обуки од областа на правата на немнозинските етнички заедници, меѓуетнички односи, разрешување на конфликти и медијација, управување со мултиетнички заедници и други релевантни теми.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Обуката за обучувачи е предвидена за група од 14 претставници од НВО кои работат на прашањата на малцинствата, ЦПНВО и други организации/институции.
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења и вештини за испорачување специјализирани обуки од областа на правата на немнозинските заедници, меѓуетничките односи, медијацијата и разрешувањето конфликти.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), преку 12-те Центри за поддршка на НВО во партнерство со Здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата ,,Заеднички вредности”, го спроведува проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“. Проектот е финансиран од Европската комисија во рамки на Кампања 4: Унапредување на еднаквоста, толеранцијата и мирот на Европската иницијатива за демократија и човекови права (EIDHR) и од ФИООМ.
Целта на проектот е да се подобри статусот на малцинските групи и да се зајакнат капацитетите за активно учество во креирање на јавните политики на локално и на национално ниво.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Цел
Обуките имаат за цел да ги зајакнат капацитетите на граѓанските организации, комисиите за односи меѓу заедиците и институциите кои работат на прашања на немнозинските етнички заедници:стекнување знаења и вештини од областа на малцинските права, меѓуетничките односи, медијација и разрешување конфликти.
Теми на обуките
1. Концепт на човекови права и правни стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници;
2. Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување на правата на немнозинските етнички заедници;
3. Децентрализација и управување со мултиетнички заедници;
4. Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста;
5. Градење партнерства и вмрежување во функција за лобирање и застапување.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|