spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Обука на тема „Децентрализацијата како можност за социјална инклузија на немнозинските етнички заедници на локално ниво” Испечати Е-пошта
obuka_novinari_2.jpgОбука на тема „ Децентрализацијата како можност за социјална инклузија на немнозинските етнички заедници на локално ниво” се одржа на 27-ми и 28-ми октомври 2009 год. во Велес за учесници од Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани и Штип. На обуката присуствуваа 10 претставници на невладини организации и 8 претставници од медиуми, меѓу кои новинари од локалните електронски медиуми, дописници на медиуми со национална фреквенција и новинари од локалните и националните печатени медиуми.
Прочитај повеќе...
 
Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување” во Битола Испечати Е-пошта
partnerstva_dop_obuka.jpgОд 16-ти до 17-ти октомври 2009 год во Битола се одржа обука на тема „Градење партнерства и вмрежување“ чија главна цел беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за процесите на градење партнерства и мрежи/коалиции. Обуката ја следеше група од вкупно 15 учесници од Штип, Битола, Крива Паланка, Кратово и Куманово, меѓу кои 7 беа претставници од институции, а 8 претставници од невладини организации. Обучувачи беа Мандика Нича, Марија Николова и Мујо Скендеровиќ - учесници во Обуката за обучувачи која беше реализирана во рамки на проектот. 
Прочитај повеќе...
 
Обука на тема „Основи на човековите права и остварување на правата на немнозинските етнички заедници во РМ” во Маврово Испечати Е-пошта
obuka_mavrovo_030.jpgНа 3 и 4 октомври 2009 година во Маврово се одржа обука на тема „Основи на човековите права и остварување на правата на немнозинските етнички заедници во РМ”. Целта на обуката беше да се укаже на реалната потреба и придобивка од познавањето на човековите права, како и механизмите и инструментите за заштита на истите. На обуката присуствуваа 5 претставници од локални институции и 21 претставник од невладиниот сектор од регионот на Скопје и Тетово.
Прочитај повеќе...
 
Обука на тема „Јавно застапување и лобирање” во Маврово Испечати Е-пошта
img_1556.jpgВо периодот од 2-ри до 3-ти октомври 2009 год. во Маврово, се одржа обука на тема „Јавно застапување и лобирање”. Обуката ја следеа  30 учесници од Велес, Дебар, Градско, Лозово, Центар Жупа и Чашка, и тоа: 23 претставници од невладини организации, 4 од единиците на локалната самоуправа, 3 од институции и 1 новинар. Мултиетничкиот состав на обуката беше изразен преку учество на припадници од различни етнички заедници: 15 Македонци, 9 Албанци, 3  Роми, 2 Турци , 1 Влав и 1  Македонец Mуслиман. Обуката ја спроведоа Мујо Скендеровиќ, Мандика Нича и Ерол Адемов, кои успешно ја завршија Обуката за обучувачи во рамките на проектот.
Прочитај повеќе...
 
Обука „Основи на човекови права и остварување на правата на немнозинските етнички заедници во РМ” во Велес Испечати Е-пошта
p1080500.jpgОбука на тема „Основи на човекови права и остварување на правата на немнозинските етнички заедници во Република Македонија” се одржа на 3-ти и 4-ти октомври 2009 год. во Велес. Учесници на обуката беа претставници од невладини организации, училишта и општини. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за поимот човекови права,  како и со механизмите и инструментите за нивно остварување.
Прочитај повеќе...
 
Обука на тема „Креирање на јавни младински политики” во Струга Испечати Е-пошта
seminar_struga_3.jpgОбука „Креирање на јавни младински политики” за учесници од регионот на Неготино и Кичево се одржа на 25 и 26 септември 2009 год. во Струга. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за креирање на јавни младински политики. Елизабета Ристеска, Даниела Јаневска и Димче Велев, кои учестуваа во програмата Обука за обучувачи самостојно ја спроведоа обуката за 8 претставници од локални институции и 15 претставници од невладини организации од Неготино, Кавадарци, Кичево и Вранештица.
Прочитај повеќе...
 
Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” во Велес Испечати Е-пошта
slika_2.jpgОбука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” се одржа на 17 и 18 септември 2009 година во Велес. Потребата да се организирa оваa  дополнителна обука за регионите на Гевгелија и Прилеп произлезе од податоците собрани при интерната евалвација на проектот спроведена преку прашалници и фокус групи. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења  за процесот на децентрализација и начинот на управување со мултиетнички заедници.
Прочитај повеќе...
 
Обука за размена на искуства меѓу младинци од ромска националност од Р. Македонија и Р. Бугарија Испечати Е-пошта
[english]
dop.obuka_za_romi_mladinci_2.jpgНа 13-ти и 14-ти декември 2008 год. во Виница, во рамките на компонентата Градење капацитети и вмрежување, се одржа обука на тема „Размена на искуства меѓу младинци од ромска националност од Р. Македонија и Р. Бугарија и нивно пошироко запознавање со областа на човековите права и правата на немнозинските етнички заедници”. На обуката присуствува 13 претставници од ромската мрежа „Рома“ која дејствува во североисточна Македонија и 6 члена од ромската асоцијација „Интегро“ која работи во североисточна и југозападна Бугарија.
Прочитај повеќе...
 
Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” Испечати Е-пошта
partnerstva201.jpgВо периодот од 14 до 16 ноември 2008 год. во Струга се одржа обука на тема  „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” на која присуствуваа вкупно 28 учесници (20 претставници на невладини организации од Ресен, Охрид, Струга и Битола, 8 претставници на локални институции од Ресен и Струга). Обуката ја спроведоа Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини, а истата беше организирана со цел проширување на знаењата од областа партнерства и вмрежување, активно вклучување на учесниците во процесите на лобирање и застапување насочено кон нивните интереси и социјална инклузија на немнозинските етнички заедници. 
Прочитај повеќе...
 
Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” Испечати Е-пошта
sliki_obuka_struga_24-26_oktomvri_2008.jpgОд 24 до 26 октомври 2008 год во Струга беше спроведена обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” за 27 учесници од регионот на Кичево и Дебар. Обуката ги опфати следните теми: партнерства, запознавање со можните партнери (НВО, општина, институција), анализа на можните партнери, одлучување, администрација и односи со јавноста, мрежи и коалиции, план за акција за заживување на мрежа/коалиција, партнерства за лобирање и застапување и спроведување кампањи и градење на партнерства со медиуми.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 10 од 42
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB